Екипата на прилепска Деспина со триумф го започна новото првенство од женската ракометна Супер лига. Во рамките на 1. коло од А-групата, во салата „Кочо Рацин“ во Петровец – Скопје, прилепскиот состав со 37:24 го совлада домашниот Кузман Вардар.
Победникот се наѕираше уште по првото полувреме, кога прилепските ракометарки водеа со 19:12.
Во 2. коло Деспина е гостин на Чаир во Скопје.
Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Божидар Јованов и Пепи Димков од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН: Атанасова 2, Стојамновска 4, Јовевска 3, Петковска 1, Ангеловска, Петровска, Стојановска, Насковска, Милевска, Кириловска, В, Ангеловска 7, Додевска 3, Стојчевска, Ј. Ангеловска 4, Симоновска
Седмерци: 7/8, Исклучувања: 8 мин.
ДЕСПИНА: Гулеска, Ел. Рипилоска, Ева Рипилоска, Камческа 3, Цветкоска 4, Спиркоска, Ристевска, Димитрова 3, Петреска, Богојеска 2, Чурлиноск, Еленин 8, Цаневска 3, Седлоска 8, Димоска 1, Бечирхоџиќ 5
Седмерци: 7/7, Исклучувања: 2 мин.