23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ПОЧНУВА ПРВЕНСТВОТО – ПРИЛЕП ПО ИЗНЕНАДУВАЊЕ КАЈ БУТЕЛ

Денеска почнува првенството од машката ракометна Супер лига. Во рамките на 1. коло, екипата на Прилеп е гостин на Бутел во Скопје. Стручњаците го сметаат домаќинот за фаворит, со оглед на квалитетните засилувања што ги доведе летово во своите редови. Но, од таборот на РК Прилеп не мислат на предавање, туку на борба.

Доста тешка задача затоа што играме против екипа којашто оваа сезона, според моите прогнози, сигурно ќе излезе во Европа, бидејќи е трета најдобра, по Вардар и Еурофарм Пелистер. Но, ние не одиме да се предадеме, туку да одиграме квалитетен меч, Нема да бидеме оптоварени, немаме некој голем притисок“, вели Горан Кузманоски, тренер на РК Прилеп.

Во салата „Антон Димитров“ мечот ќе започне во 19 часот, а ќе го водат судиите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, додека делегат е Душко Камишевски од Скопје.

На другите мечеви се среќаваат: Вардар – Скопје, Радовиш – Струга, Охрид – Тиквеш, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2, Металург – Пролет.

Би можело да ве интересира

Со над 800 учесници Прилеп Куп за прв пат ќе се одржи во најфудбалскиот град во земјава (ВИДЕО + ФОТО )

Утре стартува турнирот во мал фудбал “Свети Никола 2019“

РК „Прилеп„ игра натпревар за опстанок

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе