6.7 C
Прилеп
понеделник, 17 март, 2025
Пела Радио

ПРИЛЕП ПРОТИВ ТИМОТ ОД СВЕТСКИОТ ШАХОВСКИ ШАМПИОН КАРЛСЕН

Вчера во Струга Европскиот шаховски клупски куп, пандан на фудбалската Лига на шампионите, на кој учествуваат и 4 македонски претставници: Алкалоид, Гамбит (Скопје), Гостивар и Прилеп.
Во 1. коло Прилеп со 4:2 славеше победа над австрискиот Рапид. Поединечно, победи остварија: чудото од дете, 15-годишниот индиски велемајстор Д. Гукеш на првата табла, српскиот интермајстор Стефан Тадиќ на четвртата и Дејан Ѓорѓиески на шестата. Ремизираа: српскиот интермајстор Драшко Бошковиќ на третата и Горан Готовуша на петтата табла. Загуби само рускиот велемајстор Глеб Дудин на втората табла.
Во денешното 2. коло Прилеп се среќава со норвешкиот Оферспил за кого настапува светскиот шампион, велемајсторот Магнус Карлсен. Во 1. коло овој тим со 5:1 беше подобар од луксембуршкиот Спренгер. Екипата на Гамбит со 5,5:0,5 ја совлада шведската Васа, Алкалоид со 5:1 шведскиот Лундс, а Гостивар со 0,5:5,5 загуби од швајцарскиот Риенен. Во денешното коло: Гамбит против израелската Шева, Алкалоид со српската Рума, Гостивар со исландскиот Рејкавик.
Seen by Gordana Cvetanoska at 14:16

Би можело да ве интересира

По шести пат „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“ во Крушево

Официјално: Илија Несторовски е нов играч на Славен Белупо (ФОТО)

Никола Димески

Мириса на титула за прилепските боксери од АС – прилепчани љубоморно ја чуваат првата позиција во младинската лига (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе