7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

СОУ ” ОРДЕ ЧОПЕЛА” ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИРОТ

Членовите на училишната секција МИО ЕКО клуб при СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп реализираа низа активности поврзани со прославата на 21 ви септември – Меѓународниот ден на мирот, во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

Учениците преку вклучување во овој проект се стекнаа со организациски и тимски вештини, можност да изградат меѓусебни односи и соработка меѓу различни етнички заедници, да развиваат вештини за решавање на проблеми, за критичко размислување, како и градење на ставови и способности неопходни за успех во животот и работата. Учениците научија како да ги развиваат и усовршуваат вештините за комуникација и соработка што се потребни за интеракција со ученици од други култури и да го поврзат стекнатото знаење од наставните предмети со примена во реални ситуации.
По повод 21 Септември беа организирани повеќе активности и тоа спортски штафетни игри во три категории, ликовна изложба, цртање на делови од училница со мотиви посветени на мирот, уредување на училишниот двор и литературно читање на македонски и англиски јазик на тема „Мир во светот“. Благодарение на ангажираноста, мотивацијата и искуството на професорите ментори од МИО – тимот, планираните активности беа успешно реализирани со што се овозможи подобро запознавање, поттикнување и зближување на учениците со различна етничка припадност преку надминување на јазичните, религиозните и културолошките пречки.
Реализацијата на Програмата за заеднички ученички активности и младински иницијативи овозможува поттикнување на меѓуетничката интеграција, воспоставување соработка и зајакнување на граѓанската и демократската култура помеѓу младите, почитување на етничките разлики и промоција на мултикултурализам.

 

Би можело да ве интересира

Обоено и весело се одбележува „Неделата на детото“ во прилепските градинки

Пела Редакција

Промоција на книгата „Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун “

Гордана Цветаноска

Распишан јавниот повик за стипендирање студенти на Економскиот факултет Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе