Во убава спортска атмосфера и во присуство на голем број на спортски работници , активни и поранешни боксери и љубители на боксот беа ставени во функција новите простории на боксерскиот клуб АС Прилеп. На отворањето , присутните видоа голем број на демонстрации на членовите на клубот заедно со нивниот ментор Дарко Чатлески а истите и оние нови кои ќе се запишат во клубот ќе имаат можност да уживаат во тренинзите а во исто време ќе добијат обука од искусен тренер.
Ова е уште еден одличен потег на тимот Чатлески кој изминатиов период бележи одлични резултати на домашна и меѓународна сцена , резултати кои го ставаат клубот во преден план во македонскиот шампионат а секако и кога станува збор на натпреварувањата кои се одржуваат надвор од земјава. Уписите за нови членови се во тек а од клубот информираат дека сето ова вложување во боксот е со една цел , промоција на овој спорт во Прилеп а во истовреме и професионален ангажман за време на тренинзите и натпреварите кои се под капата на федерацијата.
Чатлески за Радио Пела вели дека и кога тој настапувал како репрезентативец и активен во боксот мечтаел и сонувал за вакви услови за тренинг , но се надева дека генерациите кои сега тренираат во клубот а и оние кои доаѓаат , едноставно, максимално ќе уживаат во секој момент поминат во рингот кој е поставен во средишниот дел , како и на сите боксерски сегменти кои ги поседува клубот а се ставени во употреба за тренажните процеси.
Радио Пела секогаш го подржува спортот а особено луѓето ентузијасти и спортисти кои веруваат во професионализмот кој го поседуваат.Само напред.