7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Со преставата „Мој Термин“ вечерва започнува театарското дружење во Прилеп

Со претставата на Македонскиот народен театар „Мој Термин“ вечерва во  Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворен јубилејниот, 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ На отоврањето пригодно и свечеано ќе бидат доделни и  наградите за животно дело на актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и на сценографот Крсте С. Џидров .

Од денеска до наредниот петок публиката ќе погледне  13 претстави на македонските професионални театри.

Според уметничкиот директор на Фестивалот Катарина Коцевска Хаџивасилева театарската уметност трпи поради пандемијата, но не може да ја запре уметноста на сцената.

– 55 години одржување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е бројка за почит. Секогаш почнувал во првиот петок од јуни, но поради пандемијата, не само што една година „прескокнавме“, лани беше невозможно да се замисли да се одржува Фестивалот со актери на сцената и со публика во салите, туку се промени терминот. Бидејќи се создадоа можности, но со сите протоколи, сега од 1 до 8 октомври го одржуваме јобилејното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.  Иако формата на Фестивалот не е како што планиравме, достојна за еден голем јубилеј, сепак за почит е и фасцинантно е што имаме 13 претстави на театрите од земјава, рече на денешната прес-конференција Коцевска Хаџивасилева.

Нагласи дека протоколите мора да ги почитуваме: на претставите ќе има 30 отсто публика, со доказ за сертификат за вакцинација.

-Имаме, сепак обемна програма, барем по две претстави на ден. Подготвени сме доколку се случуваат промени поради ковид-ситуацијата. Веќе пред еден ден мораше да извршиме промена на претстава од еден театар поради актер, позитивен на Ковид. Се надеваме дека нема да има големи измени, рече Коцевска Хаџивасилева.

Театарската уметност е погодена од пандемијата зашто се игра „во живо“, пред публика и на сцената, но театарската уметност ќе го преживее и оваа премрежје.

– Иако немаме премиери во „редовен обем“, но сепак има. Нѐ погоди оваа ситуација. Сега заживува во театрите, се прават претстави. Потребата да играш и да си на сцената, постои. Можеби оваа ситуација нѐ забави, но не нѐ запре. Театарот ќе опстои како и овие 2.000 години, вели Коцевска Хаџивасилева.

 

Се очекува фестивалот да го отвори министерката за култура Ирена Стефоска. Во својата програма освен 13-те претстави, Фестивалот нуди и промоции и трибина на тема „Театарот во Ковид-19, проблеми и решенија“.

Жирито кое ќе ги оценува претставите и ќе ги додели најпрестижните награди на крајот на фестивалот, 8 октомври, е во состав: Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и Александар Милосављевиќ, театролог од Србија.

Фестивалот ќе биде затворен на 8 октомври со претставата во чест на наградените „Драмски за Конески“ во породукција на Драмски театар од Скопје.

Фестивалот не се одржа лани поради пандемијата кога требаше да го одбележи јубилејот.

Би можело да ве интересира

Концерт на шпански мелодии на платото пред Цепенков

Гордана Цветаноска

„ Вреќата на дедо Мраз“- Новогодишната претстава во општина Новаци

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Има само 9 години и е виртуоз на гајда – Теодор Грујоски од Битола добитник на „Гајдата на Пеце“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе