11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Хрватите незадоволни од ликот на споменикот на Тоше Проески

Откривање на споменикот на Тоше Проески во Нова Градишка предизвика лавина од незадоволни коментари од хрватските граѓани, кои сметаат дека спомникот ни најмалку не го отсликува ликот на Тоше Проески:. „Ниту Македонците не би го препознале“ пишуваат Хрватите на социјалните мрежи

Фото: Принтскрин/Фејсбук

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Намерата е добра, но статуата воопшто не личи на Тоше“

„Добро е дека пишува дека е Тоше“.

„Ако ова е Тоше, тогаш јас сум Пленковиќ“.

„Да ми е да ги видам лицата на луѓето кога градоначалникот го тргна чаршафот и ја покажа статуата“.
„Ниту Македонците не би го препознале“.
„Неговото семејство треба да биде обештетено за овој „чин““.

„Тргнете го ова затоа што сите ви се смеат… Јас немам срце да се смеам затоа што е премногу тажно. Засрамете се!!! Да се ​​уништи ликот на Тодор Проески на таков начин е толку мачно што ми е тешко да ги пронајдам вистинските зборови за да го опишам овој срам“, гласи еден од бројните коментари на налутените обожаватели на Тоше.

Вчера во Нова Градишка беше откриен споменикот на трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески. Статуата на Проески ја изработи скулпторот Славко Буниќ, а на откривањето присуствуваа поддржувачите на делата на Тоше, македонскиот амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево ,Томе Христовски.

Би можело да ве интересира

Палачинкијада: слатко задоволство за сите, а признанија за првенците на генерацијата

Гордана Цветаноска

Манастирот „Зрзе“ во бело – планините во Македонија утрово се „разбудија„ со снег

Елизабета Филипоска

Спас за Прилеп-блокада на Заполшки мост, протест пред Општина Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе