7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Без тренер Победа триумфираше во Кочани

Победа попладнево со убедливи 1-3 (0-1)славеше на гостувањето во Кочани против Осогово во рамките на вонредното 14. коло на Втората македонска фудбалска лига – Исток. Водството на Победа беше на почетокот од натпреварот, а стрелец беше Давид Јошески. Во продолжението Тоше Манов донесе израмнување за Осогово. Но пресудни  ЗА Победа беа блиц погодоците на Филип Стомнароски во 61 вата и на Бојан Спиркоски во  63 тата минута .

Како се вртат работите во ова првенство од Втората лига – Исток. Кога по поразот дома од Слога сите ја отпишаа Победа од позицијата есенски првак, еве за само три дена прилепскиот тим има шанса да биде прва. Што се случи? Од една страна Победа со 3:1  го совлада Осогово во Кочани, а од друга конкурентите извадоа нерешени резултати дома – Слога со Детонит, Саса со Беласица. Така, в сабота, Победа со триумф дома против аутсајдерот Локомотива може да се врати на првото место, ако Слога загуби на тешкото гостување на Беласица во Струмица. Сето ова е во прилог и на новиот тренер на Победа, битолчанецот Димитар Капинковски, кој може доста спокојно да седне на клупата на својот дебитантски меч в сабота.

Убедлива победа од 4:1 (стрелци Темур Емини 10, Еркан Шаип 28, 57, Емир Мустафа 90 – Слободан Дуков 42) во ова коло постигна Братство против Локомотива, на која и го отстапи последното место од табелата. РЕЗУЛТАТИ: Осогово – Победа 1:3, Братство – Локомотива 4:1, Слога – Детонит 1:1, Саса – Беласица 0:0, Кожуф – Кит-Го 2:1. ТАБЕЛА: Слога 32, Победа 29, Саса 28, Беласица 25, Кит-Го 19, Осогово 18, Кожуф 7, Детонит 15, Братство 7, Локомотива 6. ИДНО 15. КОЛО (11.12.2021 – 13 ч.(sad) Победа – Локомотива, Кожуф – Братство, Кит-Го – Саса, Беласица – Слога, Детонит – Осогово.

Би можело да ве интересира

СПОРТСКИ ЖУРНАЛ – Рикалоски : Меморијалниот турнир во пинг понг Илија Карески – Каре ќе прерасне во традиционален (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Прилеп доби вторилигаш во кошарка

Пела Редакција

Лазаров – новиот селектор на ракометната репрезентација?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе