7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВНИМАТЕЛНО! Снегот по патиштата се чисти, но можни се одрони на одредени патни правци

Поголемиот дел од патишта во Македонија се расчистени и отворени за сообраќај по обилните снежни врнежи. Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека сите екипи што се ангажирани за расчистување на патиштата остануваат на терен. Првојот Плетвар е прооден за сите типови на сообрајќај, но од АМСМ предупредуваат на внимателно возење.

Од 15 30 часот се укинати забраните за движење на тешките товарн возила на следните патни правци: Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, крак Маврово – Жировница , Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, Струга – г. п. Ќафасан

Патниот правец Македонски Брод – Скопје(кај с.Близанско) е блокиран за сообраќај за сите возила, поради одрон на патот, соопштија од АМСМ.

Претходно во текот на денот, на обиколницата кај Македонски Брод имаше голем одрон од камења, меѓу кои и камена громада потешка од еден тон.

По интервенција од страна на локалната самоуправа со градежна машина, овие камења се отстранети од коловозот и сообраќајот се одвива непречено во обата правци.

 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење и можност од појава на одрони во контлините и клисурите.

Би можело да ве интересира

Погледнете! ГУЛАБОТ КАКО ДА ЈА НАЈАВИ БОЖЈАТА СВЕТЛИНА

Елизабета Филипоска

Досега необјавена декларација за Македонија од 1945 г.

Гордана Цветаноска

Пет пожари на отворено во прилепско, а горело и во долненско и кривогаштанско

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе