7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ЏК Сеишин ќе лиценцира девојки за стручна работа во клубот

На првиот од низата семинари и едукации кои се дел од проектот на Европската Џудо Федерација, „Подобри го својот клуб“, викенов, во Скопје, зеде учество и Џудо Клубот Сеишин- Прилеп.  Организатор на овој семинар беше Џудо Федерацијата на Македонија со цел подобрување на работата на тренерите во македонските џудо клубовите.

Џудо клубот СЕИШИН- Прилеп на овој семинар зеде учество со 10 свои стручни кадри од кои 5 актуелни лиценцирани тренери и дополнителни 5 кои ќе бидат новолиценцирани. Новина е што во клубот од оваа година се лиценцираат 2 девојки кои ќе бидат задолжени да работат со девојчињата по одредени возрасни групи секако под надзор и во координација со поискусните тренери од клубот. Со ова ЏК Сеишин Прилеп беше клуб со најмасовно присуство на стручни кадри.

Предавач на семинарот кој се оддржа во спортскиот центар Кале во Скопје беше г-дин Фредерик Демонфакон, ЕЏУ експерт од Франција 7 ДАН, кој е и лидер на проектот „Подобри го својот клуб“. Покрај Демонфакон на семинарот беше присутна и г-ѓа Џејн Бриџ 8 ДАН, потпретседател на Европската Џудо Унија. Согласно агендата, Демонфакон оддржа четири сесии практична работа со македонските тренери на кои темата беше работа со џудисти на возраст од 12 до 14 години. За разлика од Демонфакон кој своите знаења и искуства ги пренесе на татамите, г-ѓа Бриџ ги информира македонските тренери и клубови за тековните и идни проекти на ЕЏУ.

Би можело да ве интересира

БИТОЛЧАНИ СО 41 ГОЛ ЈА ОТВОРИЈА УНИВЕРЗАЛНA

Победа ќе стане градски клуб – Мегленски тренер

Елизабета Филипоска

ПРИЛЕП СО СИЛЕН ОТПОР НА ЛИДЕРОТ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе