7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Единствени ученици на “Биеналната Меѓународна Графичка Изложба” во Полска беа тројца, од СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево

СОУ „Наум Наум Наумоски – Борче„ од Крушево беше единственото училиште учесник на “Биеналната Меѓународна Графичка Изложба” која деновиве се одржана во Торуњ, Полска.

Сето тоа благодарение на успешноста на ученици Илија Наумоски, Марта Штерјоска и Димитар Зисов, ученици во крушевската гимназијата, кои со своите изработки, заедно со својот ментор, професорот по ликовна уметност, Емил  Соелски го преставуваа своето училиште и својата држава на оваа уникатна меѓународна изложба за графика.

 

Значењето  на успехот е поголем, што  на „Биеналната Меѓународна Графичка Изложба” во Полска биле пријавени вкупно 4.738 учесници од целиот свет, а од нив само 769 учесници учествуваале со своите изработки, a меѓу нив, единствени од нашата држава, беа само тројцата ученици од СОУ „Наум Наумоски Борче“-Крушево, што говори заможностите и  квалитетот во кои се одвива образованиот процес во ова средно училиште.

За своето учестово, учениците добија благодарници од меѓународната изложба ,но и искрени честитки и  пофалби од своето училиште и од својот град.

Би можело да ве интересира

Гимназијалците иновативни: „Паметна“ сушара за тутун, чај и други билки

Гордана Цветаноска

Крушево-почнува чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република

Пела Редакција

Новата учебна година СОУ „Орде Чопела“ ќе ја дочека со реконструирани тоалети

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе