11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Градоначалникот на терен – сеуште ни глас ни абер од исчезнатото дете

Поминаа повеќе од 24 часа од исчезнувањето на десетгодишниот Петар Џобески кој вчера, попладне, исчезна помеѓу селата Витолиште и Врбско во Мариово.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески попладнево беше на терен до селото Витолиште со цел на лице место да се информира за текот на потрагата по момчето, од екипите и полицијата кои од синоќа се на терен Јовчески за целата ситуација од полициските службеници и од Спасе Чакрески, добар познавач на теренот во Мариово и жител на селото Витолиште беше запознат дека теренот околу с.Врбско е крајно непристапен и дека момчето немало можност да стигне до Црна Река која 3,5 км подолу  е одалечена од селото.  Претпоставки се дека голема е веројатноста момченцето да се упатило во блиската шума над селото,  иакао генерално целиот терен околу селото Врпско од каде е загубено детето е карпест и стрмен заобиколен со ниско стеблеста шума, во најголем дел тиса, чалија и капини и е тешко достапн за движење.

Инаку, според изјавите на родителите детето последен пат е забележано во дворот на куќата вчера попладнето околу 16 часот кога после тоа му се губи секаква трага и започнува потрагата по него.  Најпрвин  се започнала со потрага низ селото, но детето не било пронајдено во куќите.

За несреќата да биде поголема, детето е со оштетен слух и со мала ментална попреченост, па доколу забалежи дека некој се движи и му се доближува има можност и да се скрие, пренсуваат неговите родители.

Грдоначалникот верува дека момченцето ќе биде пронајдено што поскоро и повика до сите граѓани на општина Прилеп кои се во можност да помогнат, да се приклучат на потрагата . „Треба да се потенцира дека теренот е исклучително тежок, па затоа сите што сакаат да помогнат да се упатат само со теренско возило.“ – апалира градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, загрижен за  момчето кое повеќе од 24 часа е само во маровскиот крај, главно ненаселен и со голем број на диви животни.

Во потрагата се вклучени полицијата со кучиња трагачи, ловџии, членови на Спасителната служба „Златоврв“, припадници на ТППЕ Прилеп и други доброволци, кои сеуште неуморно го истражуваат теренот.

Инаку, селот Врбско е село кое е напуштено и само повремено доаѓаат жители,  како што е и  петочленото семејството Џобески , кои тукла одгледувале пчели и биле дојдени од вторникот.

Би можело да ве интересира

Кога гробот на Тоше ќе се уреди?! – Крушевчани со рози за маратонците кои тречаа во чест на Тоше

Елизабета Филипоска

Доживотна казна затвор, за првпат изречена во историјата на прилепското судство

Елизабета Филипоска

Прилепски водовод нема да ја ја зголеми цената на водата ,но ќе ги бара парите од должниците

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе