11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Четврт ден се трага по Петар во мариовско, вклучени над 100 полицајци, доброволци, хелихоптер

Продолжува потрагата по малиот Петар, четврт ден како на теренот во Мариово, се пребарува секоја грмушка, места кои би можеле да бидат скривалиште на 10 годишното дете на кое што му се изгуби секаква трага од петокот попладне кај селото Врбско, Мариово.
Министерството за внатрешни работи претпладнево излезе со информација:
„Над 100 полициски службеници и хеликоптер продолжуваат со активна потрага по Петар Џобоски, граѓаните кои сакаат да помогнат да се пријавуваат во Полициската станица Витолиште. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп.

 

Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.
Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, ги упатуваме да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште
071 268-594.
Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата“, соопштуваат од МВР.
 Потрагата продолжува, а за денеска се најавуваат нови врнежи од снег, кои дополнително ќе ги отежнат шансите за движење во и онака непристапниот терен во Мариово.

Би можело да ве интересира

Од фарма – до трпеза, Живинарска фарма Долнени

Гордана Цветаноска

Прилепски Комуналец ја зголемува опфатноста со канти за селекција на отпад

Гордана Цветаноска

Попоска: Дојдете на роденден со добра музика и многу гости (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе