7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

СОУ „Ѓорче Петров“ дел од Еразмус плус проектот „Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината“

Општина Прилеп денеска беше посетена од страна на средношколци кои преку проектот „Еразмус плус“ се гости на нашиот град, програма финансирана од Европската комисија преку Националната агенција за образовни програми и мобилност.
„Учениците одат во тотално непозната средина, во нови семејства, се навикнуваат на нивната храна, обичаи, се разбиваат предрасудите кои што сме ги имале за некоја земја. Учесниците се од различни националности, има муслимани, христијани, католици, а сето тоа допринесува да се запознаваме со другите култури, да излеземе од нашите рамки. Да им покажеме ние што имаме и исто така да научиме нешто ново од нив“, вели Елизабета Милошеска, професор по англиски јазик СОУ „Ѓорче Петров“ и координатор на проектот.
Во самиот проект учество земаат повеќе од 40 ученици, кои се импресионирани од земјите во кои патуваат, од нивните обичаи, култури и традиции.
„Јас сум Елена Врбоска од Македонија. Учам во СОУ „Ѓорче Петров“ и имам гостинка од Турција. Учествував во проектот и бев во Шпанија, исто така бев сместена во семејство и премногу сум задоволна од посетата. Се запознавме со нова култура, нешто што го нема тука, запознавме многу нови пријателства“, раскажува Елена.
„Овде е навистина многу убаво. Се запознавме со многу лица преку проектот од различни националности и култури“, вели Алексис од Шпанија.
„Ова патување преку „Еразмус“ ми донесе многу нови запознавања. Доаѓам од Турција. Овде сум за прв пат и многу ми се допаѓа Македонија“, во еден здив вели Батухан од Турција.
Слични се впечатоците и на Јоана, која потекнува од Германија:
„Навистина сум возбудена. Многу ми се допаднаа Охрид и Прилеп. Запознав нови пријателства и другари, а се стекнав и со нови искуства“.
„Во Торино, во Италија, бев под стрес. Кога дојдов овде се релаксирав. Многу е мирно и спокојно. Ми се допаѓа природата“, рече Пауло од Италија.
Земји партнери кои се вклучени во проектот, се Македонија, Турција, Германија, Шпанија и Италија.
Темата на проектот е поврзана со културното наследство: Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината“. Проектот е аплициран во Германија и трае две години.
„Наредната средба треба да биде во Торино Италија, потоа во Истанбул и Германија, а последната средба со наставниците во Мадрид“ дополнува Милошеска координатор на проектот.

Би можело да ве интересира

За Пелагонија попладневно УХМР најавува нестабилност и пороен дожд

Од идната недела на д-р Борче Јовчески ќе му започне мандатот за градоначалник

Елизабета Филипоска

Христи Бикоски и понатаму останува верен на РК Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе