7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Гастрономијата во „малото прсте„ на ученици од СОУ „Наум Наумоски – Борче„ – со пехар се вратија од натпреварот по гастрономија во Хрватска

Учениците од СОУ „Наум Наумовски- Борче“ од Крушево на меѓународниот гастрономски фестивал и кулинарски натпревар „Бисер на морето“ (Бисер мора), што се одржува по 17-ти пат во Супетар, на островот Брач, (Република Хрватска) го освоија второто место во категоријата тимско натпреварување во подготовка на предјадење, главно јадење и десерт.

Учениците Томче Стојкоски (IV клас) и Јасмин Зеќироски (III клас) под менторство на професорката Оливера Карева Скола потврдија дека едукацијата за гастрономина  в родува плод и дека само тоа е „пасошот„ кои ги отвора вратите на пазаот на трудот во Македонија и светот.

„Вложениот труд и љубовта кон готвењето немаат цена. Сребрен медал вреден колку злато!„ – напиша на својот профил професорката Оливера Карева Скола, горда на своите ученици!

 

На гастрономскиот фестивал „Бисер на морето“ секој агодина се напреваруваат повеќе од 200 готвачи од над 20 земји, а е посетен од  илјада посетители и професионалци во гастрономијата

Токму ова за учениците од СОУ „Наум Наумоски Борче“-Крушево беше предизвик ,да научат и  да се запознаат со врвни мајстори на гастрономијата,но и да ја имаат можноста за дегустација на храна од различна традиција, и со различни вкусови.

Во подготовките за учеството на натпреварот оваа година беше вклучен и  поранешен ученик на СОУ „Наум Наумовски Борче“, денес успешен гастроном,  Христијан Јорданоски кои им помогна на своите идни колеги и само потврда колку е важен квалитетото на стручната наобразба стекната од СОУ „Наум Наумоски Борче„,кога е во прашање гастрономијата, како и финасиска помош на дел од локални ресторани кои финасиски  помогнаа учениците да бидат дел од ова натпреварување.

Училиштето „Наум Наумовски-Борче“ – Крушево на меѓународниот гастрономски фестивал „Бисер на морето“ учествува од 2011 година и секоја година, учениците се меѓу наградените, во првите три места. Во 2019 година, на овој фестивал, учениците Бојан Седлоски и Давид Трајкоски под менторство на професорите Оливера Карева Скола и Љупчо Крстевски, го освоија првото место.

„Бисер на морето“ е гастрономски фестивал и кулинарски натпревар на професионални готвачи, слаткари, пица мајстори, како и на средните угостителски училишта и факултетите за туризам. Фестивалот годинава се одржа од 8 до 12 април во организација на  Здружението на готвачи од медитеранските и европските региони (ШКМЕР).

Патем,оние кои веќе се определиле да станатидни гастрономи  конкурсот за упис на ученици од основните училишта во средните јавни училишта за учебната 2022/2023 година е објавен од МОН па веќе  СОУ „Наум Наумоски Борче„ оваа година очекува нови средношколци кои ќе го изучуваат угостителскиот занает.

Би можело да ве интересира

Се чистат одводните канали кај Бучин

Елизабета Филипоска

Бидете во Крушево викендот на „Хумнитарен културен викенд„

Елизабета Филипоска

Првите 100 дена од новиот мандат на крушевскиот градоначалник-нови проекти и продолжување на тековните

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе