7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Младински клуб за младите во с. Гермијан

Руинираниот објект во с. Гермијан , Општина Новаци , е целосно реконструиран и обновен и денеска беше свечено пуштен во употреба во присуство на аи жителите на село Гермијан. Реновирањето на ентериерот на Младинскиот клуб во Гермијан изнесува 443. 487,50  денари, (повеќе од 7 илијади евра) средства обезбедени од буџетот на Општина Новаци.

,, На барање на младите и на жителите на село Гермијан целосно го реконструиравме стариот распаднат  и руиниран објект. Комплетно го исчистивме стариот објект, ги реновиравме ѕидовите, ја заменивме старата со нова ПВЦ дограма и внатрешно го уредивме со кујна, шанк и останат потребен мебел” рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Село Гермијан брои над 250 житело и се вбројува како  едно од поголемите села во Општина Новаци.

 

Би можело да ве интересира

Општина Новаци ангажира невработени лица за грижа и помош на стари лица

Пела Редакција

Новаци донесе програма за управување со животна средина и влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2022 г

Елизабета Филипоска

Во Новаци се гради спортска теретана на отворено

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе