ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ВАЖНО : Навивачка “мобилизација” за саботното дерби – СРЦЕ НА ТЕРЕН (ФОТО + ВИДЕО)

Дерби пресметка на градски во Прилеп - Победа - Беласица !

380

Емоции , страст , еден клуб,  еден град , една е Победа. Се повеќе се тријат раце , се повеќе се креваат дланки , се подгрева атмосферата пред саботната фудбалска претстава на градски во Прилеп. Навивачите се спремни и со гласни навивачки пораки се повикуваат љубителите на фудбалот да ги исполнат трибините пред можеби натпреварот на сезоната за црвено белите во втората лига.Противникот е познат , Беласица ,  тим со кој секогаш традиционално се играат дуели за паметење , а прилепчани сигурно ќе сакаат овој ,  долго да го паметат и прераскажуваат , се разбира по триумфот кој со нетрпение се очекува.

Пресметката со Беласица е во Сабота од 17 часот , на прилепскиот фудбалски храм кој секогаш е мотивација за сите кои ќе истрчаат на терен. Ако се запрашате зошто , тоа е сигурно затоа што сезонава Гоце Делчев е најпосетуваниот стадион во земјава , а ако се прашувате како ќе се мотивираат играчите ,  тоа се знае , не за “џабе” е присутна “навивачката мобилизација”.

https://www.facebook.com/1352318035/videos/3174759419479595

За дербито на сезоната познати се и судиите кои ќе ја делат правдата,Главен ке биде Александар Ставрев а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески , четврт судија е Дејан Младеновски , сите од Скопје.Делегат на натпреварот е Антониот Насевски од Кратово.

Денот 30-ти Април  за прилепската фудбалска јавност со нетрпение се очекува , истиот тој датум кога во 2016 година Победа играше против Љубанци и тогаш со 1:0 си го обезбеди прволигашкиот статус. Но сега сите сакаат Победа повторно да ја гледаат во најквалитетната македонска фудбалска лига , а за тоа е потребна подршка , супер атмосфера и многу навивачки грла кои ќе ги носат кон многу важен триумф црвено белите.Сабота , 30-ти Април , сите патишта ќе водат кон градски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: