7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изложба на хартиени графички икони од XVIII и ΧΙΧ век во Бабанеделиното училиште во Прилеп

Во изложбениот салон на Галеријата на икони во Прилеп денеска напладне беше отворена изложба на хартиени графички икони од 18 и 19 век.

Новите 11 графики на реритетни хартиени икони,покрај останатите, беа изложени во изложбениот салон на објектот на Галеријата на икони во Прилеп при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп во т.н Бабанеделиното училиште (мала галерија).

Инаку, хартиените графики од 11-те икони биле случано пронајдени во кровниот дел на црквата Св.Благовештение во 2003 год . при реконструкција на кровот на црквата и веднаш, конзерваторот Горан Стојаноски при НУ Заводи и Музеј – Прилеп ја направил примарната конзервација, зашто графиките биле во многу лоша состојба ,скриени во гредите на кровот.

И денес, покрај останатите, и ова 11 изложени хартени икони беа дел од изложбат на 43 обработени графики на икони, конзервирании и реставрирани кои се дел од изложбата.  Интересно е штп колекцијата на книжни икони што ги поседува НУ Заводи и Музеј Приле  се вбројува меѓу најзначајните збирки од тој вид на Балканот, бидејќи ја сочинуваат стотина графики пронајдени на едно место.  Најстарата графика од оваа колекција, со претстава на Богородица со Христос, е пронајдена во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп и се чува во самата црква ,а датира од 1725 година. Оваа графика е реплика на чудотворната икона Богородица Черниговска-Илинска, чиј култ бил обновен во 17 век, во светотројанскиот Илински манастир.

Графиката, која преставува печатена хартија, е создадена да се подарува. Од неа нема копија и нема оригинал , а  целта за мејзино создавање била ширење на христијанството. Кога доаѓале свештениците од Света Гора, бидејќи овде во црквата Св.Благовештение преовладуваат светогорските графики, тие  сакале да  го донесат христајанството што поблиску до народот и тоа го првеле преку графиките од хартиени икони. Тогаш започнува и масовното печатење на хартијата, книгите и тука графиката игра главна улога во просветителството на народот.„ –  објасни Мимоза Христоска, виши кустос, историчар на уметност при Заводот и музеј- Прилеп.

Техниката е гравирање на цртежот во дрвена или метална плоча, која потоа е премачкувана со боја и под притисок втиснувана врз лист хартија. Тие носачи на цртежите – глинени, дрвени и метални плочи – се археолошки потврдени кај древните цивилизации. На балканските простори графиката првпат се појавува во 15 век, наедно тоа е и времето кога графиката првпат се среќава во Македонија како илустрација во црковните книги истакна Христоска на самата изложба.

Тоа е време на османлиското владеење, кога црквата грчевито се бори да ја зацврсти својата вера, и тоа потпирајќи се најмногу врз ракописната традиција, како и врз православната византиска иконографија. Илустрациите за книгите биле вешто изработувани, а иконографијата внимателно селектирана.
Црквата како стожер на верата била принудена да ги прифати и да се приспособи на новонастанатите состојби. Економски ослабена, таа не можела да го дополнува својот ликовен инвентар со скапи материјали и затоа без опирање, уште на самиот почеток, го прифаќа дрворезот, а потоа и графиката. Отпечатувањето на повеќе примероци антиминси, абагари и икони „стампи“ било многу поевтино од сликањето, со што и самите отпечатоци на хартија биле полесни за дистрибуирање помеѓу верниците, но и интересни за привлекување нови приврзаници кон црквата – раскажува Христоска.

Првите графики од Македонија се откриени во Прилеп, во црквата „Свети Димитрија“ во Варош, во 1968 година, кога под раководство на д-р Бошко Бабиќ се извршувале конзерваторски работи врз архитектурата на црквата. Второто откритие на графики е во 2003 година, повторно при извршувањето на конзерваторските зафати на покривната конструкција во црквата „Свето Благовештение“, под раководство на дипломираниот архитект конзерватор Илија Ристески, кој потоа ги известил колегите Славица Алексоска, виша кустоска историчарка на уметност, и конзерваторот Горан Стојаноски
На графиките се претставени религиозни сцени и панорамски погледи на манастирите од Света Гора, на планината Синај и други места; погледи на цркви со светителите заштитници и споредни сцени со сцени од животот на светците. Панорамските погледи на манастирите се изведени под силно влијание на ренесансата. Карактеристични се минијатурни сцени што ги дополнуваат архитектонските композиции во графиката, со што се нагласува религиозниот карактер. Во колекцијата на Музејот има и антиминси индулгенција.

При тоа изработен е каталог, збогатен со десетина новопретставени графики пред јавноста. Книжните икони во оваа колекција претставуваат сведоштво за феноменот и моќта на графичката уметност од 18 и 19 век. Тие се творба за истрајноста на светогорските манастири, кои ги негуваат и распространуваат своите култови, со една единствена цел да испратат „благослов“ кон народот и кон црквите на кои им ги подарувале овие графики – потенцира историчарката на уметност од прилепскиот Завод и музеј – Прилеп.

Би можело да ве интересира

Изложбата „Човек – број“ го опишува човекот како бројка во современот начин на живеење

Елизабета Филипоска

„Подари ми насмевка“-Прва логопедска сликовница во Македонија

Елизабета Филипоска

Промовиран „Зборникот на песни од прилепските автори“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе