16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

СТОЈАТ 90 МИНУТИ И УЖИВААТ ВО ГОЛОВИТЕ!

За тие што најмногу го сакаат фудбалот не постојат никакви пречки. Околу теренот со вештачка трева во Прилеп нема трибина, нема место за седење, но гледачите 90 минути издржуваат и со стоење (поединци потседнуваат на седиште од мотор или велосипед). Така и попладнево околу 50 фудбалски љубители го изгледаа натпреварот од 23. коло на Третата лига – Југ меѓу Динамо од Мажучиште и Росоман. Беше добар фудбал, паднаа пет гола, победија гостите со 3:2. Стрелци: Мартин Мечев во 6. и 43. минута за Динамо, а Игор Ѓорѓиев во 25. и 88.,  Стеван Менковиќ во 28. минута за Росоман.

Би можело да ве интересира

Македонскиот петти оф роуд во Крушево е во тек

Пела Редакција

(Видео голови) ПОБЕДА ТРИУМФИРАШЕ НА СТАРТОТ ОД ПРВЕНСТВОТО

Учениците од „Р.Р. Ричко“ – Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот футсал натпревар за ученици до 18 години

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе