8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

По 22 години на спортскиот аеродром слета едрилица

Кога се има желба и знаење, кога се има ентузијазам, се преминуваат и препреките. Ова, важи за сѐ, а најмногу за спортот. Денеска убава вест пристигнува од тимот кој што неуморно работеше на возобновување на Спортскиот аеродром Прилеп кај Мало Коњари, кој што долги години беше запоставен и неупотреблив за аероспортови.

Но, напорите на тимот предводен од професорот Ѓорѓи Манчески, инаку вљубеник во воздухопловните спортови, вродија со плод :за прв пат после 22 години на Спортскиот Аеродром Прилеп слета Едрилица. Според објавата на социјалните мрежи станува збор за модел ASK-21 Mi (композитна моторна едрилица) во сопственост на Ѓорѓи Манчески.

Изминативе неколку месеци претходеа подготовки на пистата и објектот  на аеродромот, како и обезбедување на потребните лиценци од надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Новаци не поразен во Прилеп (Победа – Новаци 1:1)

Пела Редакција

Празничен брзопотезен шаховски турнир во центарот на Прилеп (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

РК ПРИЛЕП ЗАДРЖУВА ДЕЛ ОД ИГРАЧИТЕ, ЌЕ ЗЕМЕ И НОВИ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе