15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

21 годишен возач со мопед настрадал во сообрајќајка

Вчера попладне, ( на 30.07.2022 ) во 15.20 часот, во Прилеп, на крстосница од ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ и „Кеј 9 Септември“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат добло“,  управувано од И.М.(56) од Прилеп и мопед „априлија“, управуван од Д.Л.(21) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки, информираа од МВР.

Во несреќата возачот на мопедот Д.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница-Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Осумничени 32 лица за злоупотреба на 700.000 евра во прилепската болница

За 4 саати казнети 27 возачи во пелагониско поради возење под дејство на алкохол

Бомба во центарот на Прилеп – ФОТО

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе