16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Автомобилот излетал од патот, возачот починал на пат кон болницата

Вчера на пладне, возило излетало на патот Обршани – Крушеани, при транспорт во возилото на Итната медицинска помош, возачот починал:

На 02.08.2022 во 12.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат с.Обршани- с.Крушеани, прилепско, патничко моторно возило „ровер фрилендер” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(41) од с.М.Коњари, прилепско, излетало од патот. По несреќата, при транспорт до Градска болница Прилеп, М.Ш. починал во возило на Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Прилеп, стои во полицискиот билтен на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

ПОЖАР ВО ПЛЕВНА ВО с.ГОЛЕМО КОЊАРИ

Двајца биле физички нападнати во Прилеп и Дебреште

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе