7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Николоски: Мафијата не е сузбиена од полицијата, туку е во соработка со неа!

Пратеникот и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, кој присуствуваше на чествувањето 21 година од погибијата на 10 те прилепски бранители, побара час поскоро полицијата да ги расветли случаевите со запалените возила во Прилеп минатиот месец.

-За жал градот се претвори во град од „див запад“, град во кој што царува мафијата, која што е во спрега со оние кои што треба да го спроведуваат законот, мафијата која што не само што не е сузбиена од полицијата, туку е во соработка со истата. Поминуваат недели од некои случаи дури и месеци, без да се пронајдат сторителите на запалените возила тука во Прилеп, пред се’ тука мислам на пратеникот Петар Ристески, исто така и на директорот на јавното претпријатие, на вработена во Општина Прилеп и бројни други случаи, за кои што чаршијата во Прилеп гласно зборува, ама надлежните органи никако да ги откријат. Ги повикувам да ги откријат затоа што добро знаеме сите кои се, после промената на власта секако дека ќе бидат и откриени и казнети но, заради безбедноста на градот добро е веднаш да бидат процесуирани затоа што ниеден криминал нема да биде заштитен, посочи Николоски, кој одговараше на новинарски прашања.

Во однос на прашањата поврзани со достојно чествување на погибијата на 10 те прилепски бранители со изградба на достоен споменик за загинатите на Карпалак, како и возобновување и одржување на спомен собата на загинатите бранители, Николовски напомена :

Има идејно решение за изградба на споменик, апсолутно на тоа место ќе има достојно одбележување како што доликува. Всушност еве и во Прилеп имаме споменик кој што е посветен на овие бранители, затоа што заслужуваат најголема почит. Спомен собата треба да се уреди, знаеме дека општината нема ингеренции, а ќе поразговараме и со градоначалникот што можеме како општина сега да се направи, а секако после промената на власта и како централна власт и за спомен собата исто така и за споменикот заслужуваат овие луѓе достојно да се одбележи нивниот херојски чин и нивната жртва, рече тој.

Николоски ги одби обвинувањата од страна на СДСМ дека последната анкета била нарачана од ВМРО-ДПМНЕ, и истакна дека анкети нарачуваат политички партии за да се види расположението на народот помеѓу два изборни циклуса.

„Анкети нарачуваат политички партии. Значи, анкетите секогаш се нарачани од политички партии, евентуално од институции и се главно мерило за тоа каде се наоѓа секоја политичка партија помеѓу два изборни циклуси. Секако најдобра анкета се изборите, но во меѓувреме, во цел демократски свет, тоа е начинот на кој што се мери перформансот и поддршката на секоја политичка партија“, рече Николоски.
Додаде дека француската куќа за истраживање на јавното мислење ИПСОС, кој ја спроведе и последната анкета на барање на ВМРО-ДПМНЕ, до сега нема промашено истражување ниту на Балканот, ниту во Европа и ако тие излегуваат со тие бројки, тогаш во тој момент тоа е расположението на народот и доказ за тоа е и бегањето на власта и од избори и од референдум.
Николоски од Прилеп ја повика власта предводена од СДСМ и ДУИ, за да се увери дека бројките од анкетата се вистините, нека се согласи за предвремени парламентарни избори и за организирање референдум, каде што граѓаните преку овие две форми на непосредна демократија ќе ја кажат најточната анкета.
„Во однос на резултатите на анкетите, тие се апсолутно точни. Се работи за најголемата куќа во Европа за истражување на јавно мислење, тоа е француски ИПСОС кој што до сега нема промашено истражување, не само на Балканот туку зборувам на ниво на Европа. Така што, доколку ИПСОС излегува со тие бројки, тогаш во моментот тоа е расположението на народот. А всушност, најдобар доказ дека бројките се вистинити и на тоа што власта предводена од СДСМ и од ДУИ бега од две клучни работи на кои што точно може да се види расположението на граѓаните. Првото се предвремени парламентарни избори и второто е референдум на кој што граѓаните масовно ќе го одбијат овој бугарски предлог. Така што, ова се двете форми на непосредна демократија каде што граѓаните можат да ја кажат најточната анкета. Ги повикувам од тука, од Прилеп да се согласат и на предвремени избори и на референдум“, истакна Николоски.
Во однос на чекорите поврзани со организирање на референдум во врска со „францускиот предлог“ посочи дека политичката партија прави консултации во текот на месецов.
– До крај на месец август правиме консултации тие се во тек. До крајот на месецов ќе излеземе со прашањето и ќе ја започнеме процедурата која што подразбира собирање на 150 000 потписи. Се надевам дека ќе имаат доволно доблест и останатите политички партии, а мислам пред се’ тие од власта да ја поддржат оваа иницијатива и заеднички да го прашаме народот што мисли по однос на овој бугарски предлог.
На прашањето каков е партискиот став за измени во даночната политика и зголемувањето на даноците, Николовски одговори:
– Некако се избегнува темата што ќе се случува во Македонија есенва и зимава. Грејната сезона почнува за 2 месеци. Ситуацијата е катастрофална . Цените на енергенсите одат исклучително високо и ништо не се прави од страна на власта, за колку толку да се ублажи тој удар. Дополнително буџетот е празен, а празен е заради лоши економски политики и заради криминал и корупција. Го прават најлошото можно, а тоа е да се удри по џебот на граѓаните и претпријатијата, односно да се зголемат даноците. Ќе кажам јасно и директно – ВМРО ДПМНЕ е за ниски даноци, и не само што е против зголемување на даноци, туку е и за кратење на постојните даноци, затоа што сметаме дека најдобар начин да се развива бизнисот е да му се остави слобода, да му се остави рамен терен за игра, и во исто време да има ниско оданочување како би можеле средствата да се употребуваат за развој, за нови производи, за нови работни места, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

Првиот ден од новиот месец без струја ќе останат неколку институции

Пела Редакција

Најдобар гајдаџија е Роберт Митров од Радовишко, а гранпри наградата на „Пеце Атанасовски“ за „Осоговски извор“ од Оризари

Гукеш,поранешниот член на ШК Прилеп, најмлад светски шампион во историјата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе