ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп ќе се одржи седмиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски„

448

Викендов започнува ракометниот турнир „Миле Нешкоски“, најави Рубинчо Седлоски, член на организацискиот одбор на денешната прес конференција, и, истакна дека доколку клубот не добиеше помош од приватниот сектор и од локалната самоуправа, турнирот кој годинава ќе се одржува по 7-ми пат,  нема да можел да се реализира.

„За жал ја баравме Универзална сала, но од ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, не добивме одговор. Доколку ја добијавме таа сала, организацијата ќе беше на повисоко ниво. Во спортската инфраструктура сме најлоша град во Македонија„ –  истакнал Седлоски на прес конференцијата, најавувајќи ги настаните поврзани со одржување на турнирот.

 

Турнирот ќе се игра три дена, од 26 до 28 август. Првите два дена ќе бидат одиграни натпреварите по групи, додека на последниот ден ќе се игра за пласман. На турнирот покрај домаќинот Прилеп, ќе играат уште три екипи од Македонија – Струга, Скопје и новиот прволигаш Мулти Есенс, како и две екипи од странство – Дубочица од Лесковац и ПАОК од Солун.

На 26 август почнуваат возбудувањата во 18:00 часот меѓу Прилеп и ПАОК,  потоа играат Дубочица и Мулти Есенс. Претходно, во 14:30 е закажано свеченото отворање на турнирот.

Вториот натпреварувачки ден е најбогат. Утрото играат ПАОК со Струга и Дубочица со Скопје, додека во вечерните термини ќе се судрат прилепчани со стружани, а Скопје со Мулти Есенс.

Натпреварите за пласман се закажани за на 28 август наутро, по што ќе следи и свечено доделување на наградите и коктел.

Натпреварите ќе се играат во салата при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, а влезот за сите љубители ќе биде слободен.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: