7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

На стартот на новата учебна година СОУ „Орде Чопела“ со нов лик – како модерен училишен центар

СОУ „Орде Чопела“ оди во чекор со потребите на учениците за современа теоретско – практична настава, со паралелно прилагодување на условите за обавување на воспитно – образвониот прцес и темелна реконструкција на училиштето во новата учебна година,  „за енергетска ефикасност и подобри услови за работа“,  посочуваат од таму. Како резултат на активносите на раководниот тим и наставницие, се зголеми и интересот за упис во ова училиште.

 

За новата учебна година запишани се 135 ученици во 8 паралелки кои интересот го насочиле за изучување на некоја од струките  што  овозможуваат професионални предизвици.

Стартот на учебната 2022/2023 година,  учениците од СОУ „Орде Чопела“ ќе го  започнат со комплетно реконструирана зграда, обновена браварија, во нов амбиент збогатен, надограден за потребите на воспитно образовниот процес.

Станува збор за темелна реконструкција со која беа опфатени фасадата, промена на вратите, молерај, промена на подовите на сите 3 ката, реновирање на трите лаборатории. Покрај тоа реновирани се подовите во ходниците, оградата на скалилата, а реконструирани се тоалетите. Оттаму велат дека инвстицијата е близу 600.000 евра.

Од потребната опрема за изведување на наставата училиштето набави бели и смарт табли, проектори, компјутери за сите училници и кабинети.

Во СОУ „Орде Чопела“ и кошаркарското игралиште доби нов лик, а реконструиран и партерно уреден е и училишниот двор.

„Процесот на реконструкција на СОУ Орде Чопела Прилеп го завршуваме со енергетски-ефикасна фасада и промена на внатрешни врати. Учениците ќе ја започнат новата учебна година во комлетно реновирано училиште, информираше Анета Пејовска, директор на училиштето:

Би можело да ве интересира

Каков домаќин беше СОУ “Орде Чопела“ на проектниот состанок на Еразмус+ проектот за партнерства меѓу училишта?!

Елизабета Филипоска

„Ѕуница“ по повод Светскиот ден на детето ѕунеше од радост и песна

Пела Редакција

🎥Гласот на промена започнува од младите👩

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе