7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За секого може да се навива но Победа се сака од срце (ВИДЕО + ФОТО )

За секого може да се навива но Победа се сака од срце и никој како Победа – Прилеп.Сега по триумфот против Брегалница , најгласни се овие два слогани кои или ги кажуваат најверните љубители на Победа или пак со гордост ги пишуваат на социјалните мрежи. Атмосфера која и тоа како беше потребна за еден фудбалски бренд кој според прикажаното во дулот со штипскиот состав полека  “личи” на прволигаш. Tреба да се комплетираат некои од финесите кои ги бара стратегот Бабунски и можеби ќе биде и пресвртница за прилепчани во остатокот од сезоната.Во отворената програма на Радио Пела  РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  ни гостуваше Рубин Алексоски , познат навивачки лик меѓу прилепчани,  кој дали дома или во гости секогаш ја бодри Победа , велејќи дека секогаш Победа ја носи во срцето.

Сакам Победа да ја гледам како победува и се гордеам со овие момци кои го оставаат срцето на терен и се надевам на многу позитивни резултати сезонава  , вели Алексоски кој во текот на нашиот разговор не ја заборави и големата подршка на навивачите а како што истакна и во текот на дулот со Брегалница , неговата “гарда” Маркови Внуци беа многу блиску до Мајмуните за заедничко навивање и подршка на црвено белите.

По овој триумф во најквалитетното фудбалско друштво кај нас , атмосферата со сигурност е на високо ниво како меѓу навивачите така и меѓу играчите , но секако треба да се продолжи со иста таква ангажираност и фокусираност на терен а резултатите полека ќе си дојдат.Ова е желбата на армијата навивачи на македонскиот фудбалски бренд Победа.И сите заедно посакуваат мирна прволигашка сезона а догодина и нешто повеќе , можеби Европа.Во продолжение погледнете го и разговорот со Рубин Алексоски кој отворено и горделиво зборува за неговата Победа.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВИКЕНДОВ:

Гордана Цветаноска

Две пријателски фудбалски средби во Прилеп: БРАТСТВО ДАДЕ ОТПОР, ПОБЕДА РЕМИЗИРА

Гордана Цветаноска

Во мирување ставена машката ракометна лига-женската е во тек

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе