11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! (7)

Пишува Зоран Момироски

  • МЕДИУМИТЕ ИНФОРМИРАА ДЕКА ПАЦИЕНТ СО АМПУТИРАНА НОГА ПОЧИНАЛ ПРЕД ВЛЕЗОТ НА ГРАДСКАТА БОЛНИЦА. ЧОВЕКОТ БИЛ БЕЗДОМНИК, НО ХОСПИТАЛИЗИРАН ПОДОЛГО ВРЕМЕ, АМА НЕКОЈ НАРЕДИЛ, А ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ГО ИСФРЛИЛО  НАДВОР ОД ОРТОПЕДСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ, А ОД ТАМУ ОД БОЛНИЦАТА. ПО ОВА, СЛЕДИ СООПШТЕНИЕ ОД БОЛНИЦАТА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО МЕДИУМИТЕ ДА НЕ ШПЕКУЛИРААТ. И ТОА Е РАЗБИРЛИВО. ПОСТАПКАТА НА ПОЕДИНЦИ ТРЕБА ДА СЕ ОПРАВДА. ПРОБЛЕМ Е КОЈ НАРЕДИЛ ЧОВЕК СО ВАКВА ДИЈАГНОЗА  ДА БИДЕ НАСИЛНО ИСФРЛЕН ОД ОБЈЕКТОТ !?! КОЛКУ Е ПОЧИТУВАНА  ХИПОКРАТОВАТА ЗАКЛЕТВА?!? И ДАЛИ БОЛНИЦАТА Е ОД ПОЕДИНЦИ ,,ШЕРИФИ “ ?!? ИЛИ ОВАА ЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА КОЈА СЕ ФИНАНСИРА ОД ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ПРИПАЃА НА ПАЦИЕНТИТЕ ?!? БИДЕЈЌИ, ПОЧИНАТИОТ ПАЦИЕНТ БИЛ БЕЗДОМНИК – КАДЕ БИЛЕ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЖБИ И ШТО РАБОТЕЛЕ!!! ИЛИ НА ОВОЈ НАШ МАКЕДОНСКИ ,,ПАЗАР“ КРЕИРАН ОД МАФИЈАШИ ЕДЕН ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ ЧИНИ ПОМАЛКУ ОД ЕДНА ГОЛЕМА НУЛА. И ПОТОА НЕКОЈ ЌЕ ГОВОРИ И ЌЕ ГО УБЕДУВА НАРОДОТ ЗА ЕУ! ПА ОВА НЕ ЛИЧАТ НА ,,ОВЧАРСКИ,, А НЕ НА ЕВРОПСКИ ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИ.  КОГО ГО ЛАЖЕТЕ И ДО КОГА САМИ СЕБЕ ЌЕ СИ СЕ ЛАЖЕТЕ !?!

 

  • НОВИОТ ДИРЕКТОР НА ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА РУБИН МАТЕСКИ  КАДАР НА ВМРО ДПМНЕ ЈАВНО ГО ВПЕРИ ПРСТОТ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ДЕКА ПОДОЛГО ВРЕМЕ  НЕ ДАЛА СОГЛАСНОСТ ЗА НАМЕНСКИ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ  100.000 ЕВРА ИЗДВОЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ. ПАРИТЕ СЕ ЗА ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА, КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА И ЗА ПАРТНЕРНО УРЕДУВАЊЕ, ОДНОСНО АСФАЛТИРАЊЕ НА УЧИЛИШТНИОТ ДВОР. И ТУКА НЕМА НИТУ ПРОБЛЕМ НИТУ Е СПОРНА НЕГОВАТА ПОРАКА. МАТЕСКИ Е ПРОФЕСОР ВО ОВАА ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА. ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ И РЕСПЕКТИРАНИ ГИМНАЗИИ ВО МАКЕДОНИЈА.  ЗНАЕ ШТО ЗНАЧАТ ТИЕ ПАРИ НАМЕНЕТИ ЗА  ЕДЕН ПРЕДХОДНО ЗАПОЧНАТ ПРОЦЕС НА РЕНОВИРАЊЕ И АДАПТИРАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ. МАТЕСКИ ЗНАЕ НО, ПРОБЛЕМОТ Е ШТО ОВИЕ ,,ЗАСПАНИВЕ“ ОД ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕ ЗНААТ И НЕ СЕ ТРУДАТ ДА РАЗБЕРАТ ШТО ТОА ЗНАЧИ. ИРОНИЈАТА ДА БИДЕ УШТЕ ПОГОЛЕМА Е ШТО – НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО ПРИЛЕП УЧЕЛА ВО ГИМНАЗИЈАТА ,,МИРЧЕ АЦЕВ“.  ДИРЕКТОРОТ Е ОД ВМРО ДПМНЕ , ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е ОД ВМРО ДПМНЕ И МНОЗИНСТВОТО ВО СОВЕТОТ Е ОД ИСТАТА ПАРТИЈА. ОЧИГЛЕДНО ДЕКА ФАЛИ ГРИЖА, КООРДИНАЦИЈА И УМ . ПОЕДИНЦИ САКААТ ФУНКЦИИ, ТРЧААТ НА ИЗБОРИ, КОРИСТАТ ПАРТИСКИ БРЕНДОВИ, А КУТРИТЕ НЕ СЕ СПОСОБНИ КУЌНИ СОВЕТИ ДА ВОДАТ!

 

  • ВЛАДАТА ИМА ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НОВИ СПОСОБНИ КАДРИ. УБАВО И ЗА ПОФАЛБА. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ СЕ УСЛОВИТЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ. НА ИЗГЛЕД НЕ МНОГУ  КОПЛИЦИРАНИ. НАЈБРЗО ПРОБЛЕМОТ МОЖАТ ДА ГО РЕШАТ МЛАДИТЕ  ДО 29 ГОДИНИ КОИ ЖИВЕАТ БЕЗ ЕГЗИСТЕНЦИЈА. ПОТОА, ОНИЕ КОИ ИМААТ НАД 55 ГОДИНИ, ГРАЃАНИ ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ, ПА  ПОТОА  ХОМОСЕКСУАЛЦИ, А ПРИОРИТЕТ  ТИ  ИМАЛЕ И  АПСТИНЕНТИ ОД  ДРОГА И АЛКОХОЛ, САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ, ПА  РОМИ И ПОВЕЌЕ СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ КАТЕГОРИИ.  НЕ ДЕКА ОВИЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАБОТАТ И ДА ЕГЗИСТИРААТ. НАПРОТИВ, РАБОТА ТРЕБА ДА ИМА ЗА СИТЕ !!! НО РЕАЛНО АКО СЕ ЗАБЕЛЕЖИ КОЛКУ РАБОТОСПОСОБНИ  МЛАДИ ВО ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ ЈА НАПУШТИЈА ДРЖАВАВА. АКО СЕ ВИДИ ПРЕКУ ПАРТИЈА КОЈ СЕ’ ОБЕЗБЕДИ МЕСТО ВО ИНСТИТУЦИИ. ПРАШАЊЕ Е ЗА КОГО ОСТАНАА И МОЖАТ ДА ГИ КОРИСТАТ ОВИЕ ПРОГРАМИ ?!

 

  • ЈАВНА ТАЈНА Е ДЕКА СИМБОЛИЧНО ПРЕД 11 ОКТОМВРИ ЌЕ ,,ПУКА“ И ЌЕ ГО НАЈАВИ ДОАЃАЊЕТО НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА НОВОТО ГРАЃАНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ,,ЗА НАШ ПРИЛЕП “ НА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОД КУМАНОВО. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. СЕГА Е ПРОБЛЕМ КАКО ЌЕ ОДГОВОРИ НА ОВОЈ ПРЕДИЗВИК ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ ПРИЛЕП. ДАЛИ ОНАКА СТРОЕН И ОДВАЖЕН, ЦАКИО, РАМО ДО РАМО  СО ПРАТЕНИКОТ МИЛЕ ТАЛЕВСКИ, ЧЛЕНОТ НА ЦО НА СДСМ ИВОНА КУЗМАНОВИЌ, ЗАЕДНО СО ,,ЧЕТАТА“ ЌЕ ЗАСТАНАТ ПРЕД ЧЛЕНСТВОТО ЗА ДА МУ ОБЈАСНАТ КОЈ И ЗА ШТО ЗАМИНУВА КАЈ МАКСО !!! КОЛКУ ПРЕКУ БРЕНДОТ НА СДСМ ВО МИНАТИОТ ПЕРИОД ТИЕ  ГИ ОСТВАРИЈА СВОИТЕ ЛИЧНИ ЦЕЛИ И ИНТЕРЕСИ. И ДАЛИ  ВО НОРМАЛЕН ПОЛИТИЧКИ АМБИЕНТ НЕКОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ !?!

Би можело да ве интересира

Новинарите и еколошките активисти едногласни против злупотребата на рудното богатство

Пела Редакција

Владата прогласи тридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија

Гордана Цветаноска

Дали власта требаше да се меша?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе