30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Фестивалот „Пеце Атанасовски“ се враќа во Долнени-лулката на гајдаџиството

Викендов (31 мај и 1 јуни) на Рудина, Долнени ќе одекнат гајдата, тапанот и изворниот фолклор од 51 то издание од Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Паралелно се одвива семинарот за изучување на народните инструменти и песни со изучување на народните инструменти и песни на кој што што ќе учествуваат 20-ина млади во просториите на ученичкиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп. Со нив ќе работат експерти од фолклористиката: проф. д-р Родна Величковска која е и уметнички директор на фестивалот, проф. д-р Горанчо Ангелов, доц. д-р Стојанче Костов и м-р Горан Василески.

Фестивалот се враќа на корените, како што почна. Поврзан е со празникот Спасовден и сакаме да ја одржиме традицијата дека Долнени е лулка на гајдаџиството. Некогаш постоеле дури околу 150 гајдаџии. Во Прилеп од 26 до 30 мај се одржуваат Семинарот за изучување на народните инструменти и песни и Симпозиумот, а секако во Прилеп се пренесува и целата атмосфера преку музицирањето на дел учесници во центарот на градот, рече Горан Василевски, претседател на извршниот одбор на „Пеце Атанасовски“ во програмата Радио што се гледа .

Со оглед на тоа што од декември 2024 година гајдата и нејзиниот начин на изработка се на листата на УНЕСКО како заштитено нематеријално културно наследство, за што свој удел во заштитата има и Фестивалот, од годинава се воведува Ден на гајдата како настан во рамките на оваа национална манифестација.

В петок во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ е традиционалниот симпозиум „Фолклорот во минатото и денес“ на кој е промоцијата на зборникот со трудови на еминентни експерти на фолклористиката. Двата дена, сабота и недела, се на Рудина, Долнени, и одржувањето е поврзано со Спасовден – денот на селото Долнени кое е лулка на гајдаџиството од каде што потекнува патронот, универзалниот уметник со светски глас, Пеце Атанасовски.

В недела, на завршниот ден, жири-комисијата на Фестивалот ќе ги додели наградите на најдобрите изведувачи, а најдобриот гајдаџија ќе ја добие наградата „Гајдата на Пеце“ што ја доделува општина Долнени.

Би можело да ве интересира

Насилството има лице, затоа: Препознаj, Блокирај, Пријави! (ВИДЕО)

И, опожарената депонија Алиници целосно изгасната

Пела Редакција

Неофрмалната група од млади луѓе од Крушево донира компјутери

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе