16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

“Tuning Car Show” во Прилеп – несекојдневна автомобилска глетка за уживање (ФОТО)

Празнично и во центарот на Прилеп , повторно автомобилска глетка за уживање во вторник со почеток од 10 часот.Ќе се одржи “Tuning Car Show – Прилеп”.Се враќа уживањето , се враќа фотографирањето и уживањето во олд тајмерите , спортско модифицираните автомобили , теренските и луксузните автомобили.Настанот ќе трае до 15 часот , на булеварот Гоце Делчев.

Оваа изложба на автомобили е традиционална а кога се работи за традиција во комбинација со уживање од глетката која се создава тогаш љубителите на автомобили ќе имаат несекојдневна прилика и да ги погледнат изложените автомобили но и да се фотографираат со многу од нив.Организаторите на  “Tuning Car show – Прилеп “ најавуваат фантастичен настан а секако награди и супер забава за присутните.

И навистина, во вторник сите патишта водат кон центарот на Прилеп , на булеварот Гоце Делчев , на овој грандиозен автомобилски настан.Поканети се сите на 11-ти Октомври!!

 

 

Би можело да ве интересира

Момент за историја – Македонија за прв пат на WBC конгресот , претставници Весна и Дарко Чатлески (ФОТО)

Пелистер славеше над Деспина во Прилеп

МНОГУ НОВОСТИ СЕ ОЧЕКУВААТ ОД ПОБЕДА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе