5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Македонските жени регистрирани земјоделки се дискриминирани од државата

Алармантна е состојбата во областа на обезбедување на социјална правда за жените во руралните средини. Жените регистрирани како индивидуални земјоделки трпат директна и системска дискриминација со години наназад и скратено им е правото на комплетна здравствена заштита и платено породилно отсуство. Ова е основното прашање и барање упатено до министерството за здравство и министерството за земјоделство каде веќе неколку години граѓанскиот сектор бара измени и дополнувања на законите. ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Мрежата за заштита од дискриминација бараат итни промени. Наместо тоа, се продлабочува јазот помеѓу урбаните и руралните заедници, нееднаквоста помеѓу мажите и жените се зголемува, а пристапот до права и до ресурси и придобивките од локалните програми е се’ подлабок.

– Кај нас процесите секогаш се движат бавно, а сведоци сме дека ситуацијата е алармантна. Потребно е нешто што ќе се случи сега и веднаш. Постојат политики, сето тоа добро изгледа во теорија, меѓутоа, бавна е имплементацијата на политиките, а воедно се најдуваат и пропусти во законската регулатива. Она што денес го презентираме тоа е документот подготвен за анализа на моменталната законска регулатива за пристап до права на породилно отсуство за жените земјоделки, кои што иако се регистрирани како индивидуални земјоделци и плаќаат надомест за социјално и здравствено осигурување, сепак немаат право да го оставарат правото на породилно отсуство, што ги доведува во значителна тешка социјална и економска положба, вели Марина Тошеска од Здружението за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР.

Здруженијата кои со години работат на оваа проблемата бараат итна средба со министерот за здравство и итни системски решенија прилагодени на Уставот, законите и меѓународното право.

– Фактот што жените не можат да користат породилно отстуство претставува дискриминација. Тие се работнички и како такви се дискриминирани и во однос на другите работнички. Пораката која што ја испраќа државата со ваква политика е дека земјоделките кога се бремени, кога се мајки не се подеднакво важни како и сите останати работнички. Оваа ситуација да немаш платено породилно отсуство за овие жени на терен значи дека тие мора да работат, и покрај тоа што се породиле вчера, и покрај тоа што имале патолошка бременост, а ова резултира со нарушено здравје на жените, мајките и нивните новороденчиња. Ова е секако спротивно на Уставот, кој што гарантира еднаквост пред законот, спротивно на Законот за заштита од дискриминација и секако спротивно на меѓународните обврски без разлика дали станува збор за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените или бројните инструменти на Меѓународната организација на трудот кои што бараат ефикасна заштита на мајчинството, потенцира Драгана Дрндаревска од Мрежа за заштита од дискриминација.

Според проценките станува збор за околу 1074 жени регистрирани индивидуални земјоделки кои што ќе го стекнат правото на платено породилно отсуство. Финансиското оптоварување на Буџетот не е оправдување за да продолжи оваа системска и директна дистриминација, велат од граѓанските здруженија, особено за држава која што се декларира како поддржувачка за земјоделството, поддржувачка за мајките и децата. Проценките се дека  на годишно ниво од Буџетот тоа би биле од 10 милиони до 58 милиони денари.

Потребна е итна измена во Законот за здравствено осигурување, како и во Законот за работни односи, за жените самовработени регистрирани земјоделки да го добијат правата што ги заслужуваат беше истакнато на Конференција во организација на Здружението за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР Кривогаштани, поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на и Општина Прилеп, а по повод одбележување на 15ти Октомври – Меѓународниот ден на жените од руралните средини.

Би можело да ве интересира

Утрово минусни температури на Шапка, а најмногу дожд во Прилеп

Пела Редакција

(ВИДЕО)Мицкоски за ископот кај Оревоец: Мораме да најдеме решение!

Забрана за еднодневни школски екскурзии поради опожарување на шумите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе