Нема поубав подарок за лицата кои се згрижени во старскиот дом Киро Крстески – Платник од една ведра , весела и од срце создадена приредба како заокружување на неделата за грижа на стари лица .Учениците од основното училиште Кире Каврилоски – Јане со песна и игра од срце ги поздравија штитениците а за нивните изведби следуваше и заслужен аплаус во ходникот од оваа јавна установа.
Овие активности на прилепските основци ги следеше и првиот човек на градот кој во оваа прилика имаше можност да се увери во реализацијата на проектите во оваа установа каде како што истакна директорот Благојче Стојчески има нов душек и кревет за секого а и нов инвентар , реконструкција на таванот на хол на приземје , а обезбедени се и инфраструктурни и технички услови за социјална инклузија на корисниците на услуги во домот.
Градоначалникот Јовчески во оваа прилика додаде дека во моментов во фаза е и проектна документација за за инсталирање на фотоволтаици , се разбира корисно од финансиска гледна точка , за намалување на трошоците .
Инаку во земјава функционираат четири вакви домови и тоа во Берово , Скопје , Битола и Прилеп.Во Прилеп од 150 места исполнети се 145.