3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Демант на УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на дел од Колумната „ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(17)“

УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп упати Демант на дел од 17 тата Колумна на новинарот Зоран Момироски. Како професионален медиум кој ги почитува принципите на објективност, одговорност и точност Демантот го објавуваме во целост:

Во колумната ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(17) објавена на 9. 12.2022 во рубриката Актуелно на порталот на Радио Пела, од новинарот Зоран Момироски УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп упатува Демант на дел од колумната поврзан со  „Шеснаесет  дена женски активизам  од ООН и ОБСЕ за заштита на правата на жените“.

Новинарот во тој дел од колумната тврди дека „во Прилеп оваа кампања ја прифатиле и ја организирале само Полицискиот синдикат и Форумот на жени на СДСМ од Прилеп.“

Со цел да демантираме дел од колумната и да ја информираме јавноста УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп информира дека УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп се вклучи во оваа кампања уште од првиот ден и ја поддржа  борбата против насилство врз жените со делење флаери со содржина во која се повикува на запирање на насилството врз жените. Исто така, во интерес на оваа кампања, како и во интерес на заштита на жената од секаков вид насилство и родово базирано насилство, УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп обезбеди бесплатна психолошка поддршка од страна на лиценциран психолог, за жени и девојчиња кои се жртви на сите форми на насилство.

Притоа, беше потенцирано дека ова може да се спроведе само преку охрабрувачки однесувања насочени кон жените и нивната улога во општеството, како и соочување и излегување на крај со родовите стереотипи и предрасуди.

Превенцијата подразбира и учење на децата од најрана возраст за здрави родови улоги и еднаквост меѓу мажите и жените, како и стекнување вештини за ненасилно решавање на конфликтот.

За ваша информација, УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп се вклучува во одбележување на секој настан и активизам во интерес на жената и нејзините права, како и во интерес на заштита и унапредување на здравјето на жените. Како пример, ќе кажеме дека во изминатиов период, со активности од страна на УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп беа одбележани:  Октомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка;  Светскиот ден на дијабетесот; Светскиот ден за предвремено родени бебиња и многу други.

ВМРО ДПМНЕ како партија се залага за заштита не секоја една жена, како и за вклучување на жената во општествено-политичкиот живот. Потенцираме дека жената е, исто така, многу често цел на жестоки новинарски напади, но ние како партија цврсто стоиме зад секоја од нив и ги охрабруваме да  не се чувствуваат немоќни и да се спротивстават на секаков вид насилство, вклучувајќи и напади од ваков тип.

Ние, како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, апелираме секоја жена да го даде својот придонес кој јакнење на женските капацитети за проактивно учество во јавниот и политичкиот живот бидејќи силна жена значи силно општество, стои во Демантот на Билјана Кузманоска, претседател на УЖ на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

Пела Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Прилеп ПРОЧКА 2024 -Мечкари, Далматинци, кловнови, Чарло Чаплин … по некој Бетмен, криминалци

Пела Редакција

Провоодделенци во посета на „Комфи Ангел„ да „ѕирнат“ како се прават перници?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе