16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Teaтарски белешки (2): Kаде го снема пркосот?

Бисовите на преполната голема сала на НУЦК „Марко Цепенков“ повеќе од доволно зборуваат за маестрално одиграната претстава „Црно семе“ на Народниот театар-Битола.
Како посветен гледач, воодушевен сум од театарската подготвеност на актерите и тоа од сите до еден, од нивната сплотеност на сцената, нивното владеење на текстот на Ташко Ѓорѓиевки во кој умешно беше вметнат по некој стих на Петре М. Андреевски, од сценските ефекти, сцеографијата, костимографијата. Едноставно, комплетно прекрасна театарска претстава.
Секоја чест за режисерот Андреј Цветановски што на класичен начин ја поставил претставата, без непотребни импровизации и кич моменти.
А ваквите претстави воодушевувачки и страшно е колку се живи и актуелни и денес. „Црно семе“ за жал се повторува и денес. Ваквата судбина ја живееме и денес. Како се справуваме со неа, тоа е друго прашање.
Колкумина се Доне Совичанов? Кај ни е пркосот? За колку се продадовте и за колку се продавате секојдневно? Колку вреди еден човечки живот? Колку знаеме што е човечко достоинство и колку сме подготвени да се бориме за зачувување на истото? Кому кршиме камења за да му крвават колената?
Искрен и длабок поклон НТБ! Ми мириса на награда…
Пишува: Филип Димкоски
Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

Би можело да ве интересира

(Видео) Новогодишна честитка на Јовчески: Да го градиме Прилеп како град на развој, солидарност и нови успеси

Пела Редакција

Во пресрет на Светскиот ден на театарот – Кога нов театар во Прилеп?

Чупетрески со инспиративен предизвик за Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе