7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во ликовната галерија на Цепенков прва самостојна изложба на прилепчанката Анита Сот

Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“,утре, 27 април, од 19.00 часот ќе биде отворена тематската изложба „Everglow“ е од Анита Сот (Јовеска) – прилепската уметница која ќе се претстави со својата прва самостојна изложба со триесетина дела преку кои ја пренесува нејзината инспирација.
Анита Сот родена е 1986 година во Прилеп. Во својот роден град завршила основно и средно образование- гимназија. Дипломирала на Националната ликовна академија во Софија, Бугарија,2008год.,отсек- Плакат и визуелни комуникации.
Денес таа живее во Македонија, работејќи како професор по ликовна уметност.
Како академски сликар, Анита Сот сопствените дела ги изработува во mixedmedia, односно мешани медиуми, вклучувајќи многу матријали . Трагајќи по свој сопствен ликовен јазик и идентитет, таа често истражува во доменот на различните сликарски техники. Има изложувано на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и во Бугарија.
Учествувала во повеќе групни изложби во Софија, Прилеп,Скопје, Битола и други, како и на неколку ликовни колонии во земјава и пошироко.
Самостојни изложби: 2008, Софија; изложба на плакати на тема „Театрален плакат според Шекспир“, Галерија „Академија“.
Според уметничка наклонетост и сликарски јазик Анита Сот припаѓа на симболизмот и апстрактниот експресионизам.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот театар со „Дупло дно“ гостува во Ниш

Пела Редакција

Медена земја во Прилеп го проследиле над 2 илјади филмски вљубеници

Гордана Цветаноска

„Народен непријател“на МНТ го отвори,а „Боливуд“ на Театар „Комедија“ќе го затвори МТФ “Војдан Чернодрински

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе