-0.7 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Култниот „Пиреј“ премиерно на сцената на прилепскиот театар

На прилепската театарска сцена утре, 27 април, НТ „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе претставата „Пиреј“ од Петре.М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски.
Првпат во драмска форма текстот е изведен во 1982 година во Битолскиот театар, во режија на Владимир Милчин, што значи по повеќе од 35 години се става на сцена, овој пат со прилепскиот театар.

-Да се поставува Петре М. Андреевски секогаш има повод. Тој е голема инспирација и за мене како режисер и за сите соработници, но и за актерскиот ансамбл. Вниманието го насочивме кон човекот, а не кон политичкиот контекст на романот, кој е роман на нашиот опстој. Претставата „Пиреј“ ќе биде претстава за човекот, за расцепот на овие простори, за растргантоста на народот, бидејќи мене ме интересира субината на човекот од крв и месо, вели режисерот Ѓорѓиоски.
Во претставата ќе игра речиси целиот ансамбл на театарот, неколкумина пензионери, млади актери и гости или вкупно 28 учесници на сцената. Сценографија е на Валентин Светозарев, костимите Андреј Ѓоргиевски, а автор на музиката е Димитар Андонов.
Претставата„Пиреј“финаниски е поддржана од Министерството за култура во програмата за работа за 2018 година на ЦК„Марко Цепенков“.

Би можело да ве интересира

Новите книжни дела на Тинтоска го збогатија литературното творештво

Елизабета Филипоска

„ЉУБЕЊЕ СО СТИХОВИ“ ЗА ДЕНОТ НА ЉУБОВТА И ВИНОТО

Пела Редакција

Во пресрет на Светскиот ден на театарот – Кога нов театар во Прилеп?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе