ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Преку проектот „Изградба на Инклузивно детско игралиште “ во паркот на Могилата ќе „никни„ ново детско игралиште за сите деца

315

Преку форумите во заедницата, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2„, учесниците на форумските сесии во Прилеп, на денешната последната сесија, од трите предложени проекти:  „Изградба на Инклузивно детско игралиште„,  „Обезбедување на лифтови/дигалки за лица со ограничено движење во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ и СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп “ и  „Уредување на двор и воведување на спортски реквизити и содржини во градинкии“ , одлучија преку гласање, приоритет да му дадат на преоктот „Изградба на Инклузивно детско игралиште“, кое е предвидено да се гради во Паркот на Револуцијата. Тоа ќе треба да има пристапност,  детски содржини и елементи и за децата со попреченост.

„Одлуката ја донесовме  бидјеќи сметаме дека нема воолно детски игралишта за деца со попреченост,, истакна Стефанија „ учесник наа Форумот на зедницата во Општина Прилеп

„Форумските сесии навистина создадоа можност за вклучување на граѓаните во одлучување кои ќе биде приоритетен проект што со средства од нашите донатори ќе биде изграден овде во општина Прилеп Така и се случи и можам да кажам дека ова е навистина успешен циклус кој што го завршивме. Се надевам дека нема да биде последен, односно нема да бидат овие последни средства што општина Прилеп ќе ги обезбеди преку донатори. Верувајте дека се’ не може да се постигне со средствата од основниот буџет. Тој е ограничен и е во рамки какви што налагаат позитивните законски прописи и ова е единствениот начин за да се изработат повеќе проекти. При одлучувањето за трошење на народните пари, знаете дека како локална администрација како Совет на општина Прилеп тоа го почнавме како процес уште во декември, кога беше подготовката на Буџетот на општина Прилеп. Тогаш организиравме два отворени викенди, во коишто граѓаните присуствуваа, односно учествуваа со нивни предлози, како треба да се трошат  средствата од буџетот и даваа свои предлози и дел од тие проекти, кои што граѓаните ги дадоа, веќе се реализираат“-истакна Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски

 

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески им честитам на учесниците за изборот на проектот и рече:

„Проектот „Инклузивно детско игралиште„, сега ќе биде наша обврска да го изградиме до крајот на оваа година,  со што ќе приоднесеме кон збогатување на детските содржини во нашата општина и ќе им овозможи на сите деца да уживаат заедно во играта и забавата на отворено. Му благодарам на донаторот за изборот на нашата општина во овој проектот „Зајакнување на општинските Совети-фаза 2. Програмата Форуми во заедницата се покажа како одлична алатка за демократски одлука и соработка со граѓаните, како и носење на квалитетни одлуки за потребите на заедницата. Граѓаните на Прилеп, навистина знаат што им треба. Честитки!- рече на четвртата форумска сесија градоначалникот на Прилеп, Јовчески

 

Паркот на Револуцијата

 

За реализација на овој проект вкупниот буџет изнесува 60 илјади долари . Од нив  80 % се средства обезбедени од донаторот Швајцарската Влада и УНДП одд Програмата за развој на Обединетите нации, а 20 % се средства кои од својот буџет ќе ги обезбеди Општина Прилеп.  Реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на годината.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: