1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Може ли земјоделските култури да се заштитат од прекумерната влажност?

Како ретко која пролет, годинава, земјоделците се соочени со преголема влажност на воздухот, предизвикана од секојдневните дождови изминативе 2 месеца. Во период на расадопроизводство, подготовка на нивите за расадување на тутун и градинарски култури, потребни се соодветни мерки за превенција и заштита на растенијата од болести, од штетници, но и прихрана на почвата која ќе овозможи правилен раст и развој на земјоделските култури.

Ели Ристеска, агроном од Земјоделската аптека Фиталија, со големо искуство во областа, во разговор во програмата Радио што се гледа, објаснува кои мерки за заштита се потребни да се преземат во услови на зголемена влажност на почвата и воздухот, како да се одржи имунолошкиот систем на растенијата за да можат да се борат против болести и штетници. Може ли да се обезбеди посакуваниот развој на градинарските култури на отворено и на тутунот?

Разговорот во целост проследете го на следниот линк:

Земјоделската аптека Фиталија се наоѓа позади катната гаража кај стара автобуска станица, во центарот на Прилеп. Можете да ја посетите и да се запонзаете со асортиманот од широката палета на испитани и сертифицирани препарати и заштитни средства. Советите од агроном Ели Ристеска се бесплатни.

Би можело да ве интересира

Одбележувањето на 64 години од смртта на Методија Андонов Ченто остана незабележано во неговиот роден град

Елизабета Филипоска

СОУ „Ѓорче Петров“ доби донација од Комфи Ангел

Пела Редакција

Протест во Прилеп за слободен избор за вакцинирање

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе