7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пачешкоски поставен за генерален извршен директор на Тутунски Комбинат

Тутунски комбинат АД Прилеп има нов генерален извршен директор на местото на досегашниот Кирил Станкоски. Според информацијата од Македонска берза, компанијата Тутунски Комбинат ги извести инвеститорите дека Зоран Пачешкоски, инаку дипломиран економист, е избран за Генерален извршен директор.

Одборот на директори на компанијата, покрај Пачешкоски, ќе добие уште еден извршен член, а тој е Гоце Котески од Прилеп, магистер по економски науки.

За оваа ценовно чувствителна информација компанијата ги извести инвеститорите преку Македонската берза:

„Врз основа на член 97 и член 98 од Статутот на Тутунски комбинат АД Прилеп, Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп за извршни членови во Одборот на директори ги избра следните членови: Зоран Пачешкоски од Прилеп, дипломиран економист и Гоце Котески од Прилеп, магистер по економски науки.

Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп за Генерален извршен директор на Тутунски комбинат АД Прилеп го избра Зоран Пачешкоски од Прилеп“, се вели во објавата од Одборот на директори до Македонската берза.

Инаку, Зоран Пачешкоски претходно неколку години работеше како раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а за прв човек на Комбинатот доаѓа од УЈП. Воедно, тој е претседател на општинската организација на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Каква е состојбата со Вештачкото езеро Прилеп?

Гордана Цветаноска

Молитва за притворените – УЖ при ОК на ВМРО ДПМНЕ-Прилеп

Елизабета Филипоска

Македонија го празнува 23 ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе