7.2 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Појавата на рој црни мушички во воздухот ги вознемири прилепчани

Зошто во воздухот има толку црни ситни мушички кои се во рој?“– прашува на нашата Fun Facebook  страна Менде

Човек,не може да спростри алишта! Неможеме да излеземе ни на тераса! Врие од црни мушичките во рој ? Живеам во насeлба Ѓогдере. Што се случува ?– се жали  Верица

„Во Центар, кај стариот трговски, секојдневно, позади  мушички во рој ти  се пикаат во очи и глава? Има ли  некој кој би испрскал против нив?! -прашува Даниела

„Моето дете играше во парк и чинам дека одеднаш се појави рој мушички? Од каде доаѓаат? пишува Весна на нашиот портал.

Вакви прашања со фотографии пристигаат до нашата редакција, и тоа беше повод да побараме одговор од надлежните:

       Од Центарот за јавно здравје – Прилеп тврдат дека појавата е карактеристична поради климатските промени, од глобалното затоплување и обилните врнежи, при што одредени врсти на инсекти мигрираат. “Забележаните инсекти се возрасни единки кои се ројат околу градското зеленило, но не се утврдени последици по здравјето на луѓето“, информираа од Центарот за јавно здравје-Прилеп кои писмено ја информирале локалната власт за оваа појава, оценувајќи дека во овој период не е потребна хемиска интервенција,односно прскање,бидејќи би била поголема штета како за луѓето, пчелните семејства, и воопшто природата и  животната средина

Од Општината побаравме одговор кој мерки ги презема или ќе ги преземи за оваа „чудна појава“ ? Оттаму ни го доставија овој одговор ,кој во целост Ви го пренесуваме:

„ По Вашето барање, да добиете одговор кои мерки ги презема Општина Прилеп,во врска со појавата на зголемен број инсекти во воздухот, во овој период од годинава, ве известуваме дека Општина Прилеп и Центарот за јавно здравје се во перманентна комуникација и соработка, за сите прашања и проблеми што го тангираат животот и здравјето на граѓаните во општината. Во однос на конкретното прашање законска обврска на Општината и Центарот е да се интервенира во случај кога има појава на инсекти што пренесуваат само заразни и незаразни болести кај луѓето. За да се дојде до точна информација побарано е стручно мислење од соодветна интитуција, во овој случај, Научниот институт за тутун. Од таму е добиен стручен одговор, дека инсектите не се опасност за луѓето и животната средина. “- одговорија на нашето барање од Општина Прилеп.

Според стручњаците, ваквото „пренамножување“ на инсектите, особено во зелените појаси, ќе запре со снижување на температурата.

 

Би можело да ве интересира

Што содржи согласноста меѓу откупувачите и тутунарите?

Гордана Цветаноска

За Прилеп формирана дополнителна комисија за туѓа нега

Гордана Цветаноска

Утре, недела, атлетски трки во центарот на Прилеп „Че трчаме“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе