16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

За пошумување на „Маркови кули“ и за одржување на зелените површини – Прилеп доби два нови проекти за подобра животна средина

Два проекти за подобра животна средина доби Оптшина Прилеп, од Програмата за рамномерен регионален развој за оваа година (2025) преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

Проектот „Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“ опфаќа нов мини багер, за  поефикасно и континуирано одржување на јавните зелени површини низ градот. Финансиска поддршка е во износ од 2.500.000 денари преку повикот за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој.
А, преку  вториот проект, од истиот повик, со 2.000.000 денари, „Пошумување на споменикот на природата Маркови кули“, предвидена е набавка на трактор со приколка и дополнителна опрема, кои ќе послужат пошумување и заштита на Маркови кули, како  важен природен локалитет на Прилеп. „Целта е воспоставување стабилност на еколошките процеси и биолошката предeлска разновидност“ велат, од Општина Прилеп.

Договорите за двата проекта се веќе потпишани и веднаш пристапуваме кон нивна реализација. По набавката, механизацијата ќе биде предадена на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, со кое што заедно ќе ги спроведуваме активностите на терен. Ова е уште еден доказ дека Општина Прилеп работи посветено и стратешки за подобрување на квалитетот на живот, заштита на природата и создавање почиста и позелена животна средина за сите граѓани.“ напиша на својот фејсбук профил, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески

Би можело да ве интересира

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Прилеп одбележува 78 години од Денот на конечното ослободување од фашизмот, 3 ти Ноември

Прилеп ја одбележа 75 годишнината од смртта на народниот херој Мирче Ацев

Бука околу прилепските фонтани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе