1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Јовчески: Изградбата на кружниот тек кај Цепенков започнува идниот месец (АУДИО)

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески во присуство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски, кој  беше во работна посета на Општина Прилеп,  информира дека идниот месец ќе започне долгоочекуваниот проект, со кој би се регулирал сообраќајот во центарот на Прилеп –   Изградба на кружен тек на раскрсницата пред ЦК „Марко Цепенков“ (булеварот Гoце Делчев и улица Кузман Јосифоски ).

„Вкупната вредност на проектот е околу 5.000.000 денари. Истиот би започнал со реализација идниот месец “, најави градоначалникот Јовчески, при тоа информирајќи за текот на градежната офанзива.

 

Сите оние планирани, предвидени проекти што ги имавме во 2023 та година, на почетокот планирани, ги реализиравме повеќето од половина, заедно се разбира со помошта на Советот и нашите советници, го докажавме нашата желба, да го имплементираме сето она што нашите граѓани го имаа замислено во планирањето на нашиот буџет. Се разбира со домаќинско работење на буџетот на локалната самоуправа, како и преголемата ангажираност и активност на сите чинители во локалната самоуправа успеавме да ги распоредиме оние расположливи средства за да го реализираме сето предвидено. Посебна гордост, чест ми е, што тој е огромен проект за рехабилитација, односно асфалтирање на најголем број на улици во градот, го започнавме минатиот месец и дел од овој месец, веќе се реализиравм, околу 8 улици кои што комплет се рехабилитирани. Некаде околу 18 илјади м2 веќе се сработени, од нешто повеќе предвидени 80 илјади м2. Односно, кога би го завршиле овој проект би биле асфалтирани околу 60 улици, посочи градоначалникот Јовчески.

Воедно, комунално-градежната офанзива продолжува и со рехабилитација на речното корито, како и со изградба на водоводен систем на манастирот Трескавец.

„Нешто на што Прилеп посебно се гордее и кое што претставува прилепско светилиште тоа е манастирот Трескавец каде што со реализирање на проектот за водоводната мрежа каде што учествуваме за почеток со 3 милиони денари од буџетот на ЛС конечно тој манастирски комплекс ќе добие вода, рече Јовчески, потенцирајќи дека општината учествува и со субвенционирање на дел од трошоците за набавка на велосипеди, во образовниот систем и др.

Би можело да ве интересира

Витаминка донира 3,5 милиони денари за помош во клучните сектори

Гордана Цветаноска

ЈКП Комуналец во контиунирана акција за расчистување на дивите депонии

Гордана Цветаноска

Хуманитарна забава на Ромскиот граѓански парламент

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе