5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп саем за вработување во Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10 Д

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ од денеска бара работници за изградба на четирите автопатски делници од Коридорите 8 и 10д во Битола и во Прилеп. Саемите за вработување ќе траат до 18 септември. Во Битола денеска 5 ти септември од 16 и 30 до 20 часот во Офицерскиот дом со свечено отворање, а во Прилеп исто така од денеска на плоштадот Методија Андонов Ченто на отворено во наредниоте 15 дена. Информацијата ја сподели на Фејсбук координаторот на проектите Вицепремиерот Артан Груби со известување на англиски и на албански јазик.
Според информациите од ЈП за државни патишта за изградбата на коридорите 8 и 10д на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе му бидат потребни околу две илјади работници од различни профили. Овој податок беше соопштен на саемот за вработување на американско-турскиот конзорциум што се одржа минатиот месец во Агенцијата за вработување – Гостивар.

Би можело да ве интересира

Во организација на ДНУ предавање на проф. д-р Зоран Крстевски во Прилеп

Пела Редакција

Започнува Меѓународната ликовна колонија Дрен 2023

ПЛАНИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА 2023 ГОДИНА, ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе