5.1 C
Прилеп
недела, 10 ноември, 2024
Пела Радио

МВР апелира на претпазливост во комуникацијата со непознати лица!

Секторот за внатрешни работи-Битола, поради евидентирани пријави од страна на граѓани за извршени измами од страна на лица кои лажно се претставуват и на различни начини ги доведуваат до заблуда оштетените со цел да остварат парична или друга корист, апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица, која е најчесто телефонска, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

„ Еден од начините на измама e со телефонско јавување на измамниците кај постари лица,  при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека нивни блиски предизвикале сообраќајна незгода во која е прегазено дете, а сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор. Притоа, измамниците ги наведуваат оштетените за кусо време да ги обезбедат бараните парични средства, кои ќе бидат преземени од сторителите.

Друга честа измама за која граѓаните пријавуваат е дека им се ветуваат најразлични производи или  услуги како огревни дрва, лекарства, купување на возила, купување на станови, организации на настани, откуп на железо и друго, при што измамниците сето тоа го прават телефонски и не се појавуваат,“ посочуваат во апелот од СВР Битола, а особено ова се однесува на повозрасни лица и пензионери.

Посебен апел би сакале да упатиме до повозрасните лица и пензионерите, посебно да внимаваат кога ги подигнуваат нивните пензии од банките и банкоматите каде има поголема фреквенција на луѓе, особено да обрнат внимание на нивното опкружување, а паричните средства соодветно да ги чуваат во паричници и да внимаваат да не бидат предмет на измама.

 Во СВР Битола се евидентирани пријави од граѓани според кои измамниците се јавуваат во некој угостителски објект и претставувајќи се како овластени лица на деловни субјекти, вршат резервации на простор, притоа барајќи од угостителот дополнително да ангажира фирми за декорација или други придружни услуги, за кои потоа ќе треба да плати во готово кај одредено лице, кое подоцна, исто како и нарачателот, е недостапно за комуникација.  Дел од пријавените измами на подрачјето на СВР Битола се однесуваат и на наводен откуп на железо, при што парите се даваат најчесто на наводен такси превозник.

СВР Битола уште еднаш со апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни во комуникација со непознати лица која се врши по телефонски пат, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат податоците кои им се пласираат во телефонската комуникација, да не даваат пари без да проверат ниту на непроверени клиенти и соработници само врз основа на телефонска комуникација, ниту на наводни посредници, а сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција. Измамите претставуваат кривично дело по член 247 од Кривичниот законик за кое е предвидена парична или казна затвор од три до пет, односно 10 години, зависно од големината на причинетата материјална штета.

Секторот за внатрешни работи Битола презема интензивни мерки и активности за спречување на ваквите појави и расчистување на пријавените измами.

 

Би можело да ве интересира

Пописот одложен за септември

Елизабета Филипоска

Ресорната министерка ќе прави увид на детската градинка во Точила

Пела Редакција

Во потрага по 10 годишниот Петар се вклучува екипа од Дирекција за заштита и спасување

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе