16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

На домашен терен РК Прилеп победи – ЖРК Деспина изгуби

Новиот тим во Женската лига, Металург Автокоманда, беше доминантен во Прилеп кај Деспина и триумфираше со 26:13. Гостинките на полувреме имаа предност од 12:6 и второто полувреме беше само формален дел. Во составот на Деспина се истакнаа Сања Цветкоска со пет и Ангела Камческа со четири погодоци.

Ракометарите на Прилеп , пак, пред домашната публика ја остварија втората победа во Супер лигата. Во натпревар од 3. коло тие лесно го совладаа Вардар Неготино со 30:22. Домашниот тим со серија од 8-1 во моментите го „кршеа“ мечот и успеа да го решат жилавиот противник.

Ова беше доста интересен натпревар,во која публиката уживаше во ракометните мајстории.

Би можело да ве интересира

Резултати и распоред на Светиниколскиот турнир во мал фудбал

За сите играчи задолжителни ПЦР тестови пред секој фудбалски и ракометен натпревар

Прилеп домаќин на шаховскиот камп за млади-за популаризација на оваа игра

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе