11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (54)

Пишува Зоран Момироски

  • НОВИТЕ  РЕШЕНИЈА ЗА  ДАНОКОТ НА ИМОТ ГИ ПОТРЕСЕ,  АМА МНОГУ  НЕ ГИ СТРЕСЕ  ПРИЛЕПЧАНИ. ЗГОЛЕМУВАЊЕТО КАЈ НЕКОИ Е 100 %, КАЈ ДРУГИ 300 %, А КАЈ ТРЕТИ 500 %. ЗА ВАКОВ РАДИКАЛЕН ЧЕКОР НА ЗАПАД ПРЕКУ ПРОТЕСТИ ГОРАТ УЛИЦИ, ДУЌАНИ, КОНТЕЊЕРИ. КАЈ НАС, ОСВЕН ФБ СО РЕАКЦИИ НЕ ГОРИ НИШТО. СИТЕ СИ МОЛЧАТ И ЧЕКААТ НЕКОЈ ДРУГ ДА РЕАГИРА. ДУРИ ТИ ИМАЛО ВАКВИ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ И ЗА КОРИСНИЦИ НА СОЦИЈАЛНИ СТАНОВИ!!! БОГ ДА ЧУВА ОД БЕТЕР. НО, СЕКОЕ ЧУДО КАЈ НАС Е  ЗА ТРИ ДЕНА. ПА ТАКА И ОВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ ЌЕ СИ ПОМИНЕ КАКО ШТО БЕШЕ СО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА И ЗА КОМУНАЛНИТЕ УСЛУГИ. ШТОМ ,,НАШИТЕ“ ГО ПРАВАТ, А ,,ОНИЕ ДРУГИНЕ“ СИ МОЛЧАТ НЕМА ШТО ГРАЃАНИТЕ  ДА  ОЧЕКУВААТ. ШТО БИ РЕКОЛ ГРУЕВСКИ: „СЕДЕТЕ СИ ВО ПАПУЧИ ДОМА ПОКРАЈ ТЕЛЕВИЗОРИТЕ И ЧУВАЈТЕ ГО  КУБУРОТ ЗА ЛОШО ВРЕМЕ.“ СПОРЕД  МЕНЕ ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ НА СДСМ  ПАРИ ( ПЕНЗИИ ИЛИ ПЛАТИ ) ВЕТУВА АМА НЕ ДАВА. ЛОКАЛНАТА ВО ПРИЛЕП  ВЕТУВА НАМАЛУВАЊЕ,  А МИСЛИ НА ЕНЕРМНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ. НАСТРАНА  ОД ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА, КОНСУЛТУРАВ ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ПО ОВА ПРАШАЊЕ. НИВНИОТ СТАВ  Е КАТЕГОРИЧЕН: ИМОТОТ ТРЕБА ДА СЕ РЕПРОЦЕНУВА  НА СЕКОИ 4 ГОДИНИ. ВО ПРИЛЕП ТОА Е НАПРАВЕНО 2014 ГОДИНА. ДО СЕГА ПРЕТХОДНИЦИТЕ НА ЈОВЧЕСКИ ТОА  ТРЕБАЛО  ПОСТЕПЕНО ДА ГО НАПРАВАТ ДВА ПАТИ. ЗА ТОА ШТО 10 ГОДИНИ НЕ Е ИЗВРШЕНА РЕПРОЦЕНКА НА ИМОТОТ ТОКМУ ТИЕ ТРЕБА ДА ОДГОВОРААТ МЕЃУДРУГОТО И ПОРАДИ ТОА ШТО ЗА ТОЛКУ ПАРИ Е ОШТЕТЕН ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ. РИЗИКОТ ОД ЦЕХОТ НА ОВОЈ  ТОВАР  ШТО СЕГА ГО ПРЕЗЕМА БОКИО СПОРЕД СЕГАШНИТЕ РЕАКЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ  БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ  ПЛАТИ НА СЛЕДНИТЕ  ИЗБОРИ !?!

 

  • НА КРАЈОТ ОД МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТВОРИЈА ВРАТИТЕ НА ОО НА СДСМ – ПРИЛЕП. ТИ ИМАЛО ВЕЧЕРНА ,,СЕДЕНКА“ ВО ПРЕДИЗБОРЕН АМБИЕНТ. НА РЕГИОНАЛНИОТ СОСТАНОК НА ТИМОТ ЗА ПОБЕДА ПРИСУСТВУВАЛЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ЈОВАНА ТРЕНЧЕСКА И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ  ПЕРО КОСТАДИНОВ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВАЛАНДОВО, ОПШТИНА СО НАД 10.000 ЖИТЕЛИ, БЛИЗУ СЕДУМ  ПАТИ  ПОМАЛА ОД ПРИЛЕП. ГИ СЕДНАЛЕ  ПРИЛЕПСКИВЕ КООРДИНАТИВЦИ ЗА ДА ИМ КАЖАТ ШТО ТРЕБА ДА СЕ РАБОТИ ВО 4 ТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА. СЕДЕЛЕ  И ЧЕКАЛЕ, ОТИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ  ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ДОЦНЕЛ НА СРЕДБАТА. СЕДЕЛЕ И МЕЃУ СЕБЕ ТИВКО НА ШЕГА СИ ВЕЛЕЛЕ: „СЕДЕТЕ И ЌУТЕТЕ. ЦАКИО ТРЕБА  ДА ДОЈДИ. ЌЕ СЕДИМЕ, ЌЕ ЧЕКАМЕ, ОТИ ИМА КОГО ДА ГО ЧЕКАМЕ.“ СИ СЕДЕЛЕ ОВИЕ ПРИЛЕПСКИВЕ КООРДИНАТИВЦИ. СЕДЕЛЕ И ЧЕКАЛЕ И ОВАА МИНИСТЕРКАВА ТРЕНЧЕСКА, А БОГАМИ ДРЕМЕЛ И ЧЕКАЛ И ПОТПРЕДСЕДАТЕЛОТ КОСТАНДИНОВ. ТИЕ ИМААТ ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ И ЗА ТРОШЕЊЕ. АМА ЦАКИО НЕМА. ГО СЛУШАМ МУАБЕТОВ И СИ ВЕЛАМ – ОВИЕ ШТО ЧЕКАЛЕ СЕ „ЧУКНАТИ“ ИЛИ ЦАКИО Е ТОЛКУ ПАМЕТЕН И МОЌЕН ШТО МНОГУ МНОГУ  НЕ ГИ ,,МАТИ“. НАКРАЈ СИ ВЕЛАМ: „АЛАЛ  ДА ТИ Е ЦАКИ.ТАКА ТРЕБА!!!“ ВО ОВАА ПРИКАЗНА ИМА УШТЕ ЕДЕН МАЛ, АМА МНОГУ БИТЕН  КУРИОЗИТЕТ. ВО ПОБЕДНИЧКИОВ ТИМ НЕ БИЛ СУГАРЕСКИ ОТИ ИЗГУБИЛ  НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ. АМА  Е ЗА ВО ВЛАДИНАТА КОМИСИЈА  ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ. А БЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ЗА ТРКИ ЗА ИЗБОРИ, КОЈ ЗА ФУНКЦИИ!

 

  • ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ КООРДИНАТОРОТ НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ ТИ БИЛ ПОД ПОСТОЈАНИ ЗАКАНИ. ЕДНАШ КОЛКУ ЗНАМ ПОМИНАЛ СО ПО НЕКОЈА ШЛАКАНИЦА. АМА СЕГА ТИ ИМАЛО И ПОСЕРИОЗНИ ЗАКАНИ. ДЕКИ ЗНАЕ КОИ ТРОЈЦА МУ СЕ ЗАКАНУВААТ И ЗОШТО. ДЕКИО ЗНАЕ ДЕКА ИМА БАРАНО И ПОМОШ, ОДНОСНО ЗАШТИТА ОД ПОЛИЦИЈАТА.ОД ИСТАТА ПОЛИЦИЈА КОЈА Е ПОД СЕРИОЗНИ КРИТИКИ ОД НЕГОВАТА ПАРТИЈА ОД НЕГОВАТА СООВЕТНИЧКА ЛИСТА, НО И ОД  НЕГОВОТ ПАРТИСКИ  И ОПШТИНСКИ ФУНКЦИОНЕРСКИ ДРУГАР БОКИО. СПОРЕД МОИ ИНФОРМАЦИИ ЗАКАНИТЕ НЕ СЕ ОД НЕТРПЕНИЕ.НИТУ ОД ДОЛЖНИЧКО ДОВЕРИТЕЛСКИ ОДНОСИ. ЗАКАНИТЕ СЕ ОД ПРИЧИНИ ШТО ТОЈ МНОГУ ВЕТУВАЛ ПРЕД ИЗБОРИ, АМА НИШТО ОД ВЕТУВАЊЕТО НЕ ИМ ИСПОЛНИЛ НА ОВИЕ ТАКАНАРЕЧЕНИ ,,ЗАКАНУВАЧИ“. ВО ВАКВИ СЛУЧАИ НЕ Е ПРОБЛЕМ ДАЛИ Е НЕШТО ВЕТЕНО. ПРОБЛЕМ Е ОБЈЕКТИВНО – КОГА ИМ СЕ ВЕТУВА НА ЛУЃЕТО МОЖЕ ДА СЕ ИСПОЛНИ. ВТОРО, НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Е АКО ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРАДСКА ОРГАНИЗАЦИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ Е СДСМ ИЛИ ВМРО-ДПМНЕ  ПОЧНЕ ВО ГЛАВАТА ДА СИ СОЗДАВА ФИЛМ И ДА СИ ВЕРУВА ВО ТОЈ СВОЈ ФИЛМ ДЕКА ПАРТИЈАТА ТОА СУМ ЈАС, А ЈАС СУМ ТОА ШТО Е ПАРТИЈАТА. АКО ЕДЕН ГРАДОНАЧАЛНИК ПОЧНЕ ДА САМ ВО СЕБЕ ДА СИ ВЕРУВА ДЕКА ЈАС СУМ ГРАДОТ И ПАРТИЈАТА, Е НА ОВАА БОЛЕСТ ДЕФИНИТИВНО И’ НЕМА ЛЕК. СО ВАКВИ ЛУЃЕ НИ ПАРТИЈА БИДУВА, НИ ГРАД БИДУВА, НИ ДРЖАВА БИДУВА.

 

  • НЕ Е ПРОБЛЕМ ДА СЕ ВЕТИ КРУЖЕН ТЕК НА РАСКРСНИЦАТА КАЈ ДЕВЕТТОКАТНИЦАТА. НЕ Е ПРОБЛЕМ  И ТЕНДЕР ДА СЕ РАСПИШЕ НА 5.000.000 ДЕНАРИ. ПРОБЛЕМ Е ШТО НАЈВЕРОЈАТНО ПО ,,ПОТРЕБА“ ТЕНДЕРОТ Е ПОНИШТЕН БИДЕЈЌИ НАЈНИСКАТА ТЕНДЕРСКАТА ПОНУДА БИЛА НЕШТО НАД УТВРДЕНИТЕ 5.000.000 ДЕНАРИ. НЕКОИ ТВРДАТ ДЕКА РАЗЛИКАТА БИЛА ОКОЛУ 70.000 ДЕНАРИ ШТО НЕ БИ ПРЕТСТАВУВАЛА НИКАКВА ПРЕЧКА. ПО ОВА ВО ЈАВНОСТА И МЕЃУ ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СОСЕМА СО ПРАВО СЕ ЈАВУВА СОМНЕЖ. ТЕНДЕРОТ Е ПОНИШТЕН ОД ПРИНЦИПИЕЛНИ ПРИЧИНИ, ИЛИ ФИРМАТА ИЗВЕДУВАЧ СО ПОНУДАТА НЕ НИЕ ПО ЌЕИФ.

 

  • ТРИ ДЕНА ГОРЕШЕ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА КАЈ АЛИНЦИ.ТАА Е ГРАДСКА И СО НЕА САМО  УПРАВУВА ЈП КОМУНАЛЕЦ. ФАКТ Е ДЕКА ПОЖАРОТ БЕШЕ ПОДМЕТНАТ. И ПОСТОЕШЕ ОБЈЕКТИВНА ОПАСНОСТ ТОЈ ДА СЕ ПРОШИРИ ВО ПЕЛАГОНИЈА. ТРИ ДЕНА  И НОЌИ  СО ЛИЧНО АНГАЖИРАЊЕ НА РАКОВОДНАТА СТРУКТУРА НА ОВА ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ОГНОТ Е ЛОКАЛИЗИРАН. ДАЛИ ТРЕБАШЕ ТОЛКУ ВРЕМЕ ДА ГОРИ ДЕПОНИЈАТА?!? СИГУРНО ДЕКА НЕ!!! ОСОБЕНО  КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ПОЗНАТА ЛОКАЦИЈА. АРНО АМА СИТЕ АКТИВНОСТИ И НАПОРИ ТИ БИЛЕ ПРЕПУШТЕНИ САМО НА ЈП КОМУНАЛЕЦ. ГЛАСОТ НА АБРАШОСКИ ЗА ПОМОШ БИЛ ТОЛКУ СИЛЕН КОЛКУ НА ЕДЕН ДИРЕКТОР. АРНО АМА, НАЈГЛАСНИОТ НИТУ ГО ИМАЛО НИТУ МУ ПАЃАЛО НА ПАМЕТ ДА ПОДВИКНЕ. ПРИ ОВА СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО АКО СЛУЧАЈНО ОГНОТ ПРЕДИЗВИКАШЕ ПОСЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОТЕШКОТИИ ТОГАШ БОКИО ЌЕ ПОДВИКНЕШЕ  ИЛИ КАКО ЧЕСТО БИДУВА ЌЕ БЕШЕ ВИНОВЕН ДРУГ !?!

 

  • МЕЃУ СОВЕТНИЦИТЕ ИЛИ КАКО ШТО ГИ НАРЕКУВААТ  ВРАБОТЕНИТЕ  ВО  ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ,,ПАРАЛЕЛНИОТ КАБИНЕТ“ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ ЕДЕН КОЈ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО ГРАДЕЖНИШТВО ИНСИСТИРАЛ  СЕГА И ВЕДНАШ ДА БИДЕ ПОСТАВЕН  НА МЕСТОТО НА БЛАЖЕ ДИМЕСКИ  РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОРОТ ИНСПЕКТОРАТ. ПРИТИСОЦИТЕ БИЛЕ ТОЛКУ ГОЛЕМИ ЗА ПРОМЕНА НА РАКОВОДИТЕЛОТ И ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВ, ШТО ДОВЕЛ ДО СЕРИОЗНИ РАСПРАВИИ. АМА КОНЕЧНО НАЈВЕРОЈАТНО НАДВЛАДЕАЛ  РАЗУМОТ И ПРОБЛЕМОТ БИЛ НАДМИНАТ СО ДОГОВОР  ОВА КАДРОВСКО  ПРАШАЊЕ БОКИО ДА ГО РЕШАВА ВО ТРЕТАТА ГОДИНА ОД НЕГОВИОТ МАНДАТ. ОТИ ДО ГОДИНА ДИМОСКИ ПО СИЛА НА ЗАКОНОТ  ЌЕ ОДИ  ВО ПЕНЗИЈА. ДАЛИ Е ОДЛОЖЕНО ОВА КАДРОВСКО РЕШЕНИЕ САМО ПОРАДИ ТОА ИЛИ ДИМОСКИ ЗНАЕ МНОГУ ТАЈНИ  ЗА  ПОВРЗАНОСТА  НА ПРИЛЕПСКАТА ГРАДЕЖНА „МАФИЈА“ НО  И ЗА РАБОТАТА  НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ –МУЦЕТО, АМА И ЗА СЕГАШНИОВ, НИКОЈ  НЕ ГОВОРИ.

 

  • КОЈ И ЗОШТО ГО СОЗДАВА ХАОСОТ ВО ОВОЈ НАШ ГРАД. ПРВО УСЛОВИТЕ ЗА НОРМАЛНО И НЕПРЕЧЕНО ОДВИВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ. ВО ОВА СПАЃА И ИСПРАВНОСТА НА СЕМАФОРИТЕ, НО И РЕДОВНО ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА  УЛИЦИТЕ И ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ. ДА БИДИ ИРОНИЈАТА УШТЕ ПОГОЛЕМА НЕ МОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ КАКО НЕ СЕ НАЈДЕ ИНСТИТУЦИЈА И НАЧИН ДА СЕ ПОДИГНЕ СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА. БИДЕЈЌИ СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ СЕ ЕДНАКВИ НЕРАЗБИРЛИВО Е КАКО ПОЛИЦИЈАТА СО ПРАВО КАЗНУВА ВОЗАЧ НА АВТОМОБИЛ КОГА ВОЗИ ИСТОВРЕМЕНО И ЗБОРУВА НА МОБИЛЕН, А НЕ КАЗНУВА ПЕШАК КОЈ ПРЕМИНУВА ПРЕКУ ПЕШАЧКИ ИЛИ ВЕЛОСИПЕДИСТ КОЈ ЗБОРУВА НА ТЕЛЕФОН. ДЕНОВИВЕ ВОЗАЧ СПОРЕД ПРОПИСОТ ПРОПУШТИ МЛАДА МАЈКА КОЈА ТУРКА ДЕТСКА КОЛИЧКА СО БЕБЕ. СТОИ ВОЗАЧОВ, А МЛАДА ГОСПОЃА ПОЛЕКА ШТО БИ РЕКОЛ НАШИОТ НАРОД ЛЕФТЕРНО СИ ПОМИНУВА НА ПЕШАЧКИОТ. МАЛКУ И Е ТОА И НЕ СЕ ТРУДИ ПОБРЗО ДА ЈА ПРЕМИНЕ УЛИЦАТА. МЛАДАТА ГОСПОЃА  КАКО ,,ОСЛОБОДИТЕЛ“ ПОДЗАСТАНУВА ДА ГО  ПРОДОЛЖИ ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР  И ПАК, ЛЕКА ПОЛЕКА ПРОДОЛЖУВА. НА РЕАКЦИИТЕ НА ВОЗАЧИТЕ И КОЛОНАТА АВТОМОБИЛИ ТАА КАКО ОД ПУШКА МУ ВОЗВРАЌА: МОРЕ БУДАЛИ ШТО СВИРИТЕ  НЕ ГЛЕДАТЕ ДЕКА СУМ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН!!! СЛУШАМ И СИ ВЕЛАМ: „ АМАН БРЕ ЛУЃЕ ДО КОЕ НИВО КУЛТУРАТА НИ Е СТИГНАТА?“ НА ВРЕМЕТО ИМАШЕ ЕДНА АКЦИЈА „ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕШАЦИТЕ И ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ“. ЈА ОРГАНИЗИРАШЕ И РЕПУБЛИЧКИОТ И ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ ВО СООБРАЌАЈОТ. СЕГА НЕКОЈ ЗНАЕ ДАЛИ ИМА ПРИЛЕП ВАКОВ ОПШТИНСКИ СОВЕТ? А ОСОБЕНО МЕ ИНТЕРЕСИРА КОЛКУ АКЦИИ НА ОВАА ПРОБЛЕМАТИКА ТОЈ СОВЕТ ИМА ОРГАНИЗИРАНО И СПРОВЕДЕНО?

Би можело да ве интересира

Момче (17 г) се загушило со плин – Најцрна недела во Прилеп

Елизабета Филипоска

Тутунски Комбинат Прилеп меѓу најстарите европски компании

Гордана Цветаноска

Прилеп одбележа 121 година од погибијата на Гоце Делчев и 112 години од смртта на Пере Тошев

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе