1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (55)

     Пишува Зоран Момироски

  • ПРЕД 82 ГОДИНИ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА И ПРИЛЕП БЕА ОКУПИРАНИ ОД  БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ. ГОДИНАВА, ГРАДОТ ХЕРОЈ И ПРВОБОРЕЦ НА 11 ОКТОМВРИ БЕШЕ ,,ОКУПИРАН“ ОД ЛИДЕРИ И ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ  ПАРТИИ, ОТИ ИЗБОРИ СЕ БЛИЖАТ. АМА, ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА И ОД УМЕТНИЦИ, ОД СПОРТИСТИ И ВЉУБЕНИЦИ НА СТАРИТЕ АВТОМОБИЛИ ,,ОЛД ТАЈМЕРИ“, ОД  МОТОРЏИИ, ВЕЛОСИПЕДИСТИ  И НА ЉУБИТЕЛИ НА РЕТКИ, АМА ЕПТЕН, ПОСЕБНИ И ЈАКИ КОЛИ. ГРАДОТ ЗАЛИЧИ НА ГРАД. СЕ ПОЧУВСТВУВА ЖИВОТОТ ОНАКОВ КАКОВ ШТО СМЕ НАВИКНАЛЕ  ДА ГО ЖИВЕЕМЕ. НАЈГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ НАПРАВИЈА 1200 УЧЕНИЦИ. ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ГО ФОРМИРАА ДРЖАВНОТО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ. НЕ ЗНАМ  ЗОШТО НЕКОЈ ДОЗВОЛИ  ОВАА ТРАДИЦИЈА ДА БИДЕ ПРЕКИНАТА  ЦЕЛИ  ПЕТ ГОДИНИ. ДА,  НЕОСПОРНО Е ДЕКА ИМАШЕ КОРОНА КРИЗА, АМА ТАА НЕ БЕШЕ ПЕТ ГОДИНИ! ИМАШЕ И ДРУГИ ПРОБЛЕМИ, АМА И ТИЕ НЕ БЕА ПЕТ ГОДИНИ! КАКО И ДА Е,  ЕВЕ, ПРЕКУ ОВОЈ ПРИМЕР ДА СЕ НЕМА ГРАМ ПОЛИТИЧКИ ДРЖАВОТВОРЕН И ДУХОВНО ПАТРИОСКИ СЕНС КОН ОВАА ТРАДИЦИЈА Е СТРАМ И ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ – МУЦЕТО, АМА И НА СЕГАШНИОТ, БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ,  ШТО ЧЕКАШЕ ДВЕ ГОДИНИ. ЈАВНО ЈА ПОДДРЖУВАМ И ИНИЦИЈАТИВАТА НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ СЕКОЈ ПОНЕДЕЛЕНИК ВО УЧИЛИШТАТА ДА СЕ ОДДАВА ПОЧИТ КОН ЗНАМЕТО И ХИМНАТА. ТОА Е ТРАДИЦИЈА ВО МНОГУ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ. СЕ НЕГУВА СЕ НАДОПОЛНУВА И СЕ ЗБОГАТУВА. НА НИКОЈ  ВО ТИЕ ЗЕМЈИ, СО ДЕЦЕНИИ НЕ МУ ПАДНАЛО НА ПАМЕТ ТОА ДА ГО ПРЕКИНУВА, ПА ДА ГО ВОЗОБНОВУВА. ТОА Е ГОРДОСТ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ , ЗА ДРЖАВАТА И ЗА ГРАДОТ.

 

  •  11 ОКТОМВРИ МЕЃУ ДРУГОТО Е И ДЕН ЗА ИКЕБАНИ. ПО ОБИЧАЈ, НИВ ПОКРАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЈ ПАТЕМ Е ЕПТЕН СПЕЦИЈАЛИЗИРАН КАКО И ЗА ОРТОПЕДИЈАТА,  ЗА ОВИЕ РАБОТИ ПОЛОЖИЈА И ОСТАНАТИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ КОИ БЕА ПРЕДВИДЕНИ СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ. АМА ,ЕТЕ, ВО ПРЕДИЗБОРНА ГОДИНА ,,ГОЛЕМА“ ЖЕЛБА ЗА ПОСЕТА НА ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА ИЗРАЗИЈА И ДРУГИ, ПЕНЗИОНЕРИ ОД НЕКОЛКУ ГРАДОВИ, ГРАДОТ ДОМАЌИН И ОД СКОПСКАТА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА. ТИЕ ИСТИТЕ, КОИ ПРОТЕСТИРААТ И БЛОКИРААТ КАКО ОДРАЗ НА НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ПЕНЗИИТЕ СО ЖЕЛБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ  БАРАЊАТА ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 3500 ДЕНАРИ, ОТИ СО ПЕНЗИИ ОД 200 ИЛИ 250 ЕВРА САМО СЕ ПРЕЖИВУВА. И, КОГА СМЕ КАЈ ПЕНЗИОНЕРИТЕ,  СО НЕДОЗВОЛУВАЊЕ ПРИСТАП ДО МОГИЛАТА ТРЕБАЛО ДА СЕ НАПРАВИ И МАЛ ЦИРКУС.  ЗА ДА НЕ БИДЕ МОНОТОНА, ОБИЧНА И ТРАДИЦИОНАЛНА ПОСЕТАТА И ОДДАВАЊЕТО НА ПОЧИТ НА ПАДНАТИТЕ  БОРЦИ ВО НОБ, ПА ПОЛИЦИЈАТА НЕ ИМ ДОЗВОЛИЛА СО ОСТАНАТИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ ДА ЈА НАПРАВАТ ,,ПЛАНИРАНАТА“ ПОСЕТА. ТУКУ, ПЕНЗИОНЕРИТЕ, БИЛЕ ЗАМОЛЕНИ ДА ПОЧЕКААТ,  ПА ПОТОА ДА ГИ ПОСЕТАТ И АЛЕЈАТА НА НАРОДНИТЕ ХЕРОИ И МОГИЛАТА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ. НЕ МУ БИЛО ДОЗВОЛЕНО ПОЕДИНЕЧНО И НА БЛАГОЈА ДАМЕСКИ, СИН НА ПАДНАТ БОРЕЦ.  ЗОШТО, ОВОЈ НАШ ПОЧИТУВАН И УГЛЕДЕН СОГРАЃАНИН НЕ ИЗРАЗИЛ ЖЕЛБА И НЕ СЕ ПРИКЛУЧИЛ ВО ОФИЦИЈАЛНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИ ОД НОБ, НЕЗНАМ, И ТОА Е НЕГОВ ЛИЧЕН ИЗБОР. НО, КОЛКУ ШТО ЗНАМ, БАРЕМ ЗА ВАКВИ ЛУЃЕ, СЕКОГАШ ИМАЛО ДОСТОИНСТВЕНО МЕСТО ВО СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ И НА НИВНИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ.

 

  •  ОВАЈ МАЛ ЦИРКУС НЕ УСПЕАЛ ДА СЕ ПРЕТОЧИ ВО ПОГОЛЕМ. НЕ УСПЕАЛ И СО ДЕЛ ОД НОВИНАРИТЕ. ДВАЈЦА ЗАДОЛЖЕНИ ОД  ДОМАЌИНИТЕ  ДА ГО СПРОВЕДАТ ПРОТОКОЛОТ,  А СЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ КАКО ЛОКАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, НА КОЛЕГИ ИМ БАРАЛЕ АКРЕДИТАЦИИ ЗА НАСТАНОТ. А. ВСУШНОСТ, ТИЕ РЕШАВАЛЕ И БАРАЛЕ АСИСТЕНЦИЈА ОД ПОЛИЦИЈАТА ДОКОЛКУ НЕКОЈ НЕ ГИ ПОЧИТУВА ПРОТОКОЛАРНИТЕ  ОБВРСКИ. ОВАА ЦИРКУС ,,СТАПИЦА“  БРЗО ЈА ПРЕПОЗНАЛЕ КОЛЕГИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ  И НА СВОЈСТВЕН НАЧИН ЈА ИЗБЕГНАЛЕ СТАПИЦАТА. ДЕКА ИМАЛО НЕВООБИЧАЕНО ЗГОЛЕМЕНО ПРИСУСТВО НА ПОЛИЦИЈАТА, НИКОЈ НЕ ОСПОРУВА, БИДЕЈЌИ ТАКВИ БИЛЕ ОЦЕНКИТЕ И ПРОЦЕНКИТЕ. НО, СЕКОЈА НИВНА ЕВЕНТУАЛНА ИНТЕРВЕНЦИЈА БИ БИЛА САМО ПО БАРАЊЕ НА ДОМАЌИНИТЕ. КАЖАВ И ОБЈАСНИВ СЕ’. КОЈ РАЗБРА ИЛИ КОЈ САКА  ДА РАЗБЕРЕ НЕКА РАЗБЕРЕ! МОЖАМ И ПО ДИРЕКТНО! ГОСПОДА АКТЕРИ НА ОВОЈ ОБИД ЗА ЦИРКУС, ГОСПОДА ПОДУЕНКОВИЦИ,  ВЕРУВАЈТЕ, АКО НЕ Е ПАРТИЈАТА ЧОВЕК НЕМА ДА ВЕ ПОЗНАВА. НАРОДОТ КОЈ Е ПОУПАТЕН ВО ОВИЕ РАБОТИ, НО И МОИТЕ КОЛЕГИ БЛАГОВРЕМЕНО  ГИ ПРЕПОЗНАВААТ  ВАКВИТЕ ИГРИ. ВАКВИ  БАЛАЛАЈКИ  СЕ ПРАВАТ СО ИСКУСНИ ПОЗНАТИ ,,МУЗИЧАРИ“ НЕ СЕ ПРАВАТ СО АМАТЕРИ ПАДНАТИ ОД НЕБО. НЕ МАНИПУЛИРАЈТЕ И СО НАРОД  И СО ПОЛИЦИЈА.

 

  • ВО ОВАА ПРИГОДА ИМАМ СВОЈ СТАВ. УБАВО  И ПАТРИОСКИ БИ БИЛО ДА ЗНАЕТЕ  БАРЕМ ДЕЛ ОД ПРИЛЕПСКАТА ИСТОРИЈА. ОТИ ЕДЕН ГОЛЕМ БРОЈ ОД ВАС НИТУ ЗНАЕТЕ, НИТУ СТЕ  ПРОЧИТАЛЕ, А УШТЕ ПОМАЛКУ СТЕ УПАТЕНИ КОЛКАВ Е ВЛОГОТ НА ПРИЛЕПСКИТЕ БОРЦИ, ПРВОБОРЦИ И НАРОДНИ ХЕРОИ ВО НОБ. ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА ГО ЗНАЕТЕ САМО КАКО АТРАКТИВНО,  МНОГУ ПОСАКУВАНО,  НО  И МНОГУ  ПОСЕТУВАНО РЕКРЕАТИВНО МЕСТО.  НЕ СЕ ,,ЧУКАЈТЕ“ ВО ГРАДИ СО КВАЗИ  ПАТРИОТИЗАМ ОТИ НЕКОЈ СТРАНЕЦ ДОБРОНАМЕРНИК ДА ВЕ ПРАША ЗА БИТКИТЕ КАЈ ПРИЛЕП, МАСАКРОТ ДАБНИЦА И ЗА МНОГУ ДРУГИ ОКОЛУ ГРАДОТ, НЕ СТЕ НИ ЧУЛЕ. НИТУ ПАК НЕКОГАШ СТЕ СЕ СРЕТНАЛЕ ИЛИ СТЕ РАЗГОВАРАЛЕ  СО  НЕПОСРЕДНИ УЧЕСНИЦИ ВО НОБ,  ПРИТОА МИСЛАМ  НА НОСИТЕЛИ  НА ПАРТИЗАНСКИ СПОМЕНИЦИ ИЛИ НАРОДНИ ХЕРОИ. ТОКМУ ПОРАДИ ВАКВИТЕ ГЛЕДАЊА, БЕГАТЕ ОД ВИСОКО ПРОФИЛИРАНИ НОВИНАРИ. ГИ ОКВАЛИФИКУВАТЕ КАКО РЕКЕТАРИ. ГИ ОСТАВАТЕ НОВИНАРИТЕ НА ,,ПИТАЧКИ СТАП“, А И ТИЕ ШТО СЕ – ГИ ОСТАВАТЕ ТИВКО ДА,,УМИРААТ“, ПРИТОА ВЛАКНО НЕ ВИ ФАЛИ ОД ГЛАВАТА ОД ТИЕ ВАШИ ,,ЧЕСНИ“ ТЕНДЕРИ, ЧЕСНО ЗАРАБОТЕНИ ПЛАТИ И НАГРАДИ. САКАТЕ СЕ’ ДА ЗАГУШИТЕ И ПРИГУШИТЕ ШТО Е КОРЕКТОР НА ВЛАСТА. И, ЗАТОА ОВОЈ ГРАД ОСТАНА БЕЗ РАДИО, БЕЗ ТЕЛЕВИЗИЈА И БЕЗ НОВИНАРСКИ СТАВ И МИСЛЕЊЕ. НО, ИСТО ТАКА, ВИСТИНА Е ДЕКА  МЕЃУ ВАС, ПРИТОА МИСЛАМ И КАЈ ЕДНИТЕ И КАЈ ДРУГИТЕ, ИМА ЛУЃЕ СО ПОИНАКВА ИНТЕЛЕКТУАЛНА И ПРОГРЕСИВНА МИСЛОВНА МАТРИЦА. АМА ,ТИЕ ОД ВАКВИ ПОЕДИНЦИ КОИ МИСЛАТ ДЕКА НАПРАВИЛЕ БАЧИЛО, МОЛЧАТ И ОД ПУСТИ СТРАВ  СЕ СОКРИЕНИ ВО МУТЛИ. ОТИ, ВАШЕТО ЧИСТО ПЛАНИНСКО ИЛИ  ПОЛСКО УМЧЕ МОЖЕ ДА СМИСЛИ ТАКВА КОНСТРУКЦИЈА ШТО НА НИТУ ЕДЕН НОРМАЛЕН ЧОВЕК НЕМА ДА МУ ПАДНЕ НА ПАМЕТ.

 

  • ВО ОВОЈ КОНТЕКСТ  ИМА И ДРУГИ ПРИМЕРИ ЗА КОИ СЕ МОЛЧИ. ЕВЕ ЕДЕН ОД НИВ. ВЛАТКО НИКОЛОСКИ СAМОСТОЕН УМЕТНИК  ДОНИРА ИЗВОНРЕДНО ИЗРАБОТЕНА  СКУЛПТУРА  ,,КАПКА СОЛЗА“ КОЈА  ЈА ОДРАЗУВА  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ, ПОСВЕТЕНОСТ, АМА  И  ИЗДРЖЛИВОСТ  НА ПРЕДИЗВИКОТ ШТО СО СЕБЕ ГО НОСИ  НЕЈЗИНАТА ГРИЖА ЗА ДЕТЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ. СКУЛПТУРАТА Е  ВРЕДНА НАД  6.000 ЕВРА. И ПОКРАЈ ТОА ШТО ДИРЕКТОРОТ  НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, АХИЛ ЈАКОВ Е ТЕЖОК ВМРОВЕЦ, ЗА АВТОРОТ  ПРЕДИЗВИКОТ ДА СЕ ДОНИРА ОВА УМЕТНИЧКО ДЕЛО  ЗА УЧИЛИШТЕТО НЕ БИЛА ПОЛИТИЧКАТА ПРИПАДНОСТ НА ЈАКОВ ТУКУ НЕГОВАТА  ГОЛЕМА  ГРИЖА И ПОСВЕТЕНОСТ ВО УРЕДУВАЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО И НА ДВОРОТ. АМА ПРОЕКТИТЕ  ШТО СЕ РЕАЛИЗИРААТ  ВО  ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“  ФАКТ Е ДЕКА И ВО САМАТА ПАРТИЈА НА ЈАКОВ НЕ МУ Е ОД ЛИЧЕН ИНТЕРЕС. ГО СЛИШАМ ОВА И САМ ПРЕД СЕБЕ СИ ГО ДАВАМ ОДГОВОРОТ НА ПРАШАЊЕТО – ЗОШТО НЕ  ОДАТ  РАБОТИТЕ  КАКО ШТО ТРЕБА. БРЗАМЕ ВО ,,МЕСТО“ И ЗАОСТАНУВАМЕ ЗАД МНОГУ ГРАДОВИ  КОИ  ЗЕМАЛЕ ПРИМЕР ОД ПРИЛЕП. ОВА ГО ПОТВРДУВААТ НЕ САМО ПРЕКУ  ПРИМЕРОТ НА ЈАКОВ  ВМРОЕЦОТ  КОЈ НАЈВЕРОЈАТНО СВОЈАТА  ИНВЕНТИВНОСТ  ТРЕБА  ДА ЈА УСОГЛАСИ СО ,,ГЛАВАТА“ НА ГРАДОТ  ТУКУ И ПРЕКУ ПРИМЕРОТ НА ТАЊА ПОПОСКА НАСЛЕДНИЧКАТА НА БРАНКО НЕШКОСКИ РАКОВОДИТЕЛ НА УРБАНИЗАМ. ТАА ПАК ВО ОДБРАНА НА ЛИЧНИОТ ИНТЕГРИТЕТ  ТИ ОДБРАЛА СТРАТЕГИЈА ,,БОЛЕДУВАЊЕ“!?!

 

  •  СДСМ ПРОДОЛЖУВА ДА СИ МОЛЧИ. ИЗГОВОРОТ БИЛ ДА НЕ СИ ПРАВАТ  БЕЗПОТРЕБНИ НЕПРИЈАТНОСТИ СО ВМРО-ДПМНЕ. ОДЛИЧЕН ДИЛ! ЕДНИТЕ СИ МОЛЧАТ ЗА ДРУГИТЕ, А ПРВИТЕ ЗА ВТОРИТЕ. ОВА НАСПРОТИ  РЕАКЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА СУМИТЕ ШТО ГИ ИМААТ ВО НОВИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ.  ЗА ДА НЕ ПОГРЕШАМ ПАК КОНСУЛТИРАВ ЕКСПЕРТИ. И АКО ЗА ОВА ВО ПРИЛЕПСКИОТ СДСМ СИ МОЛЧАТ,  СПОРЕД  ЗАКОНОТ  РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ ТРЕБА ДА БИДАТ ДОСТАВЕНИ ДО ГРАЃАНИТЕ ДО КРАЈОТ НА МАРТ, А НЕ СЕГА ВО ОКТОМВРИ  И ТОА ПРЕКУ ИНКАСАТОРИТЕ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА И ЈП КОМУНАЛЕЦ. НОВАТА ПРОЦЕНКА НА ИМОТОТ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ИЗВРШИ ДО КРАЈОТ НА ИДНАТА ГОДИНА, А НЕ СЕГА. ПА ЗАТОА ЛОГИЧНО ГРАЃАНИТЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊЕ – ЗА КОЈ ПЕРИОД ОВОЈ ЕНОРМНО ВИСОК  ДАНОК НА ИМОТ ЌЕ СЕ ПЛАЌА? И КОЈ ТОЧНО ЗНАЕ КОГА Е ИЗВРШЕНА ТАА  НОВА ПРОЦЕНКА? СИГУРНО ВО ОВА НЕ ГИ АМНЕСТИРА ТИЕ ШТО НЕ ИЗВРШИЛЕ РЕПРОЦЕНКА НА ИМОТОТ ОД 2014 ГОДИНА, А БИЛЕ ДОЛЖНИ ТОА ДА ГО ПРАВАТ НА СЕКОИ 4 ГОДИНИ. ИСТО КАКО ШТО  НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАНЕМАРИ ФАКТОТ ЗОШТО РЕПРОЦЕНКАТА НЕ Е ИЗВРШЕНА ДО КРАЈОТ  НА МИНАТАТА ГОДИНА, А РЕШЕНИЈАТА ДОСТАВЕНИ ДО КРАЈОТ НА МАРТ. БИДЕЈЌИ И ЕДНОТО И ДРУГОТО СЕ ПРОТИВЗАКОНСКИ.

 

                         

Би можело да ве интересира

Советот на Општина Прилеп ќе ја одржи 47 та седница

Пела Редакција

Планиран прекин во напојувањето со електрична енергија за населба Победа под Касарна во Прилеп

Пела Редакција

Над 300 учесници на џудо турнирот „Прилеп град херој 2024“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе