7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кузманоска ги дематираше обвинувањата на пратеникот Талевски за работата на локалната власт

На пресот на пратеникот од СДСМ, Миле Талевски , одржан во Скопје, денеска попладне прес конференција одржа ОК на ВМРО-  ДПМНЕ  и ги демантира изказите на Талевски. Билјана Кузманоска на прес конференцијата истакна:

„Денес пратеникот Миле Талески, кој и самиот е дел од најнеспособната централна власт од осамостојувањето на Македонија, преку прес конференција бесрамно се обиде да ја дефокусира јавноста од најголемите проблеми. Ако беше вистински загрижен за граѓаните, истиот ќе се осмелеше да проговори за високата инфлација, за прескапите цени на основните намирници кои власта ги смета за луксуз, за криминалот во здравството и скандалот со онкологија кој уништи цели семејства, за катастрофалните економски мерки кои граѓаните ги оставија со празни џебови и на улица. Ќе кажеше збор два и за неспособноста на централната власт да ги заврши градежните активности на улица „Леце Котески“, која нанесе непоправлива штета по бизнис секторот во градот. Кога веќе се дрзнал да говори за предизборни ветувања, го прашуваме во кое предизборно ветување, Миле Талески вети покачување на неговата плата за цели 78%? Ако е толку доблесен нека излезе пред прилепчани и нека им ја покаже пресметката од последната пратеничка плата и нека им одговори, колкав износ очекува да земи истиот после Нова година? Градоначалникот Борче Јовчески и локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно создаваат резултати во интерес на прилепчани. Инфраструктурата која 4 години ја имаа заборавено, сега се обновува и реконструрира. Најдобар доказ за тоа е проектот кој се реализира во полна пареа со досега речиси 40 рехабилитирани улици, кој севкупно опфаќа рехабилитација и нов асвалт на дури 60 улици или над 80.000 м2. Во областа од образованието, оваа локална власт има инвестирано над 50 милиони денари во средните и основните училишта во нашата општина, за значително подобрување на условите за работа и учење. Извршена беше реконструкција и на плоштадот Методија Андонов Ченто, на потегот од споменикот Пеце Атанасоски спрема ООУ „Кочо Рацин“ во должина од 216 метри. Моментално се работи на проект за изградба на главен доводен цевковод и изградба на пумпни станици, кој ќе реши децениски проблем во населеното место Канатларци. Ова се само мал дел од реализираните проекти, и покрај долгот кој СДС го остави од речиси 5 милиони евра, поради недомаќинското работење на минатата локална власт. Општина Прилеп со чесно и домаќинско работење, се враќа на правиот пат, за што сведочи најдобро извештајот на UNDP во однос на финансиското работење. Почитувани, СДС и ДУИ се минато. Ваквите прес конференции преку кои прават обид да го подобрат очајниот рејтинг од 11.3% и да го ублажат катастрофалниот пораз со кој ќе се соочат, не поминуваат повеќе кај народот. После смена на централната власт, доаѓаат години кога СДСМ ќе бидат долго во опозиција, како на локално, така и на централно ниво, рече Кузманоска на денешната прес конференција

Би можело да ве интересира

Проданоски: Премиерот е свесен дека нема апсолутно никаква поддршка од народот, одбира да присуствува само на теснопартиски собири

Гордана Цветаноска

ОК ВМРО-ДПМНЕ: стадионот во Тополчани беше гордост за мештаните

Гордана Цветаноска

ОК ВМРО ДПМНЕ : Дали моментно има командир Полициската станица Прилеп?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе