Нема отстапки во барањата на прилепските пензионери по однос на линеарното покачување на пензиите од 5 000 денари. На денешниот протест пред нивното здружение го потврдија барањето и сугерираат надоместот од антикризните мерки да влезе во основицата на пензијата. Посочија дека намерно или не, министерството манипулира со бројот на пензионери по групи бидејќи недостигаат 25 600 пензионери. Од утре со протест на кој што ќе присуствуваат пензионери од сите градови ќе бараат поддршка од македонските пратеници пред Собранието во Скопје, бидејќи како што рекоа тие се последната алка во синџирот на носителите на одлуки поврзани со нивните барања.
претходна вест
следна вест