7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Ден пред Василица повторно на заедничка дружба кај Градскиот саат

Утре, сабота 13 ти јануари,  во центарот на Прилеп на платото пред Градскиот саат ќе се одржи манифестацијата „На Василица во Прилеп“ во организација на општината. Целта е граѓаните по повод големиот православен празник посветен на Свети Василиј, да се дружат и заеднички да започне прославата која се одбележува во секој православен дом по повод Православна Нова Година со вртење на мазник и богата трпеза. Општината и годинава обезбеди поддршка од повеќе компании кои донираат бурек и пијалоци. Настанот започнува од 12 часот, а ќе биде збогатен со музика. За среќниот наоѓач на паричката обезбедени се пригодни награди, посочуваат од општината. Градоначалникот Борче Јовчески упати јавна покана до сограѓаните:

Почитувани сограѓани сакам да Ве поканам во името на Општина Прилеп, во сабота на 13-ти јануари, ден пред големиот празник Св. Василиј Велики- Василица или уште како и што народски си ја викаме православна Нова Година во 12 часот на платото пред градскиот саат заедно да го одбележиме празникот, почитувајќи ги нашите вековни обичаи.
Целта е овие прекрасни наши христијански празници и обичаи да ги изнесиме надвор помеѓу народот и во духот на заедништвото да ги одбележиме заедно.
За среќниот добитник следува пригоден и симболичен подарок. Благодарност до сите општествено одговорни компании кои што се веќе вклучени и го поддржуваат овој настан, а се разбира дека секој е добредојден кој што сака да го помогне и поддржи овој настан затоа што ова се прави за сите граѓани на Прилеп и за заедништво во нашата општина, стои во поканата од Јовчески.

Оваа година е трета по ред како Општина Прилеп организира заедничко празнување на Василица под мотото „На Василица во Прилеп“.

Би можело да ве интересира

Поддршка од три милиони евра од Фондот за иновации за иновативни проекти на компаниите

Елизабета Филипоска

Јовчески: Реализирани околу 60 проценти од програмата и покрај тешката наследена финансиска состојба

Реакција: Наместо во Прилеп, министерот во Радовиш ќе разговара со откупувачи и тутунари

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе