RK Прилеп на гостувањето во Скопје кај еден од директните ривали во борбата за опстанок, тимот на Голден Арт, полесно од очекуваното дојде до висок триумф од 36:29. За RK Прилеп победата на скопскиот тим беше втор триумф во плеј-аутот. Во првото коло избраниците на Мојсов убедливо славеа против Скопје.
Во натпреварот со Голден Арт најдобар беше црногорскиот интернационалец Денис Шабановиќ, десното крило на прилепчани кој беше ефикасен како во нападите, така и во брзите контра нападите и покажа дека е вистинско засилување во тимот на РК Прилеп. А,со своите одбрани се истакна и Иван Ангелески кој со своите феноменалните одбрани покажа дека има голема перспектива како чувар на мрежата на прилепчани.
Ракометарите на Прилеп во следното коло за ривал го имаат незгодниот тим на Мулти Есенс.
(Како што е познато, тимот на Аеродром е исклучен од суперлигата и сите негови натпревари до крајот од сезоната ќе бидат регистрирани со службен резултат (10:0) за противничката екипа)